Измените на Меѓународниот спортски кодекс на ФИА, со кои им се забранува на возачите јавно да ја искажуваат својата политичка позиција и да даваат релевантни изјави на трките без претходна дозвола од федерацијата, предизвикаа жестока дискусија во Формула 1.
Одредени возачи, вклучувајќи го и најголемотото лигле во поновата историја на Формула 1, Луис Хамилтон, се огласија дека таквите забрани се неприфатливи.
ФИА, со цел да се намали интензитетот на страстите, објави појаснувања во врска со ситуациите во кои на возачите им е дозволено да го изразат својот политички став, а во кои случаи тоа ќе се смета за прекршување.
Возачите можат слободно да зборуваат за кое било прашање на своите социјални страници, за време на интервјуата за медиумите и за време на официјалните прес-конференции на ФИА како одговор на директно прашање.
На возачите им е забрането да даваат политички изјави за време на официјалните прес-конференции на ФИА (освен ако не им се постави директно прашање), за време на разни настани на патеката (на подиумот, за време на химната, на парадата на возачите) и пред или по трката (во просторијата за одмор, за време на фотосесии).
"Учесниците можат да го изразат своето мислење за која било политичка, религиозна или лична работа пред, за време и по меѓународните натпревари во нивниот сопствен простор и надвор од меѓународните натпревари", се вели во соопштението на ФИА. "Во исклучителни случаи и на конкретно барање, ФИА може да дозволи да се изјасни за време на меѓународните натпревари."
Како што веќе сте запознаени, Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, кој беше главен поборник за овие измени, под притисокот на "освестените" се повлече од директната интеракција со Формула 1, потврдувајќи го потегот во писмо испратено до раководството на сите десет тимови.
Тимските шефови беа информирани дека Николас Томбазис ќе биде лице за контакт доколку треба да комуницираат со ФИА. Дали се ќе остане на ова, или ќе следува употреба на "тешка артилерија" ќе покаже времето.
Секако, барем од наша страна бидете спокојни, затоа што нема да биде пренесена, нити промовирана нити една политичка изјава или залагање на "освестените" на некои извртени општествени вредности.
ФИА даде примери што ќе се смета за забранета изјава.
Политика: Сите неодобрени коментари за која било локална, регионална или национална влада или кој било од нејзините оддели, канцеларии или функции.
Религија: Секој критички или непријателски коментар кон религиозните или духовните верувања на другите. Гестовите како што се покажување кон небото или прекрстувањето нема да бидат забранети.
Лични потреби: "Возачите не смеат да ги користат тркачките викенди како платформа за споделување лични изјави од кој било вид што го прекршуваат општиот принцип на неутралност.
ФИА, може да даде дозвола за исклучоци од овие правила, но возачите мора да побараат дозвола четири недели пред настанот.
КАЗНИ во случај возачот да даде изјави кои не се дозволени:
- Предупредување;
- Укор;
- Општокорисна работа;
- Бришење на време(иња) на тренинг сесии, квалификации или трка;
- Губење на стартни позиции;
- Старт на трка од Пит-линијата;
- Временски казни;
- Возење низ пит-линијата;
- "STOP/GO" казна;
- Губење на позиции во рангирањето на возачите итн...
ДАЛИ ЌЕ СЕ СПАСИ ФОРМУЛА 1 ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ
2/17/2023 10:04:00 PM
0
Share to other apps