Пирели ги објави смешите од кои ќе бидат произведени пневматиците за првите три трки од сезоната - ГН на Бахреин, Саудиска Арабија и на Австралија.
Оваа година, бројот на смеши што Пирели може да ги номинира во текот на целата сезона се зголеми на шест бидејќи е создадена нова смеша во најтврдиот ранг. Тие се нумерирани од нула до пет, од најтврда до најмека, со буквата "C" што значи "смеша".
C0 - Минатогодишната C1 смеша станува C0 за 2023 година. Ова е најтврдата гума во гамата, која ќе биде номинирана за патеките што одземаат најмногу енергија од пневматиците. Дизајнирана е да обезбеди максимална отпорност на топлина и екстремни сили, способна да работи многу долго, но тоа доаѓа на сметка на перформансите.
C1 - Ова е новата смеша за 2023 година која по своите особини се наоѓа помеѓу C1 и C2 од минатата година. Таа беше создадена за да се намали разликата во перформансите помеѓу она што претходно беа двете најтврди смеши во опсегот.
C2 - Третата најтврда смеша останува многу погодна за побрзите, пожешките и поабразивните патеки. Поцврстите гуми понекогаш се номинирани за нови патеки, обезбедувајќи конзервативен избор, така што оптоварувањето на гумите може да се потврди во практични услови.
C3 - Оваа смеша е исклучително разноврсна и може да се користи како најтврда, мадиум или најмека гума од која било селекција од три номинирани смеши. Со одличен баланс помеѓу перформансите и издржливоста, таа е добро прилагодена на широк опсег на услови.
C4 - Оваа смеша е назначено да работи добро на патеки со ниска оптовареност на пневматиците, каде што е потребно доста брзо загревање за да се постигнат врвни перформанси што е можно поскоро. Оваа гума се користи многу во текот на целата сезона.
C5 - Ова е најмеката гума во гамата, дизајнирана за најбавните патеки со мало абење и деградација каде што е потребен максимален механичка зафат(грип) од гумата. Тие обично се гледаат на уличните патеки или каде што асфалтот е исклучително мазен.
ПОЧЕТОКОТ СЕ БЛИЖИ, ПИРЕЛИ ГИ НОМИНИРАШЕ ГУМИТЕ ЗА ПРВИТЕ ТРИ ТРКИ
2/17/2023 02:15:00 PM
0
Share to other apps