Денес, во Лондон, Комисијата за Формула 1 на ФИА го одржа првиот состанок за 2023 година пред почетокот на новата сезона.
На состанокот со кој раководеа Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1 и Николас Томбазис, новоназначениот директор на ФИА за едноседи, Комисијата разговараше и ги одобри клучните регулаторни промени што треба да се применат во текот на годината што претстои.
Преглед на клучните точки за дискусија и одлуки:
ПНЕВМАТИЦИ ЗА ДОЖД И ВЛАЖНО ВРЕМЕ
По успешното тестирање од страна на Пирели, со поддршка на Ф1 тимовите, Пирели произведе пневматици за дожд, кои имаат поголеми перформанси од претходната спецификација и нема да имаат потреба од покривките за загревање. Пневматиците ќе бидат достапни од трката за Големата Награда на Емилија Ромања.
Дополнително, ФИА е благодарна за поддршката што тимовите ја дадоа за тестирање на пневматици и додатоци за влажно време, па се подготвува техничка директива за да им се овозможи на тимовите да вршат таква работа надвор од ограничувањата за аеродинамичко тестирање и надвор од ограничувањето на трошоците.
Тестирањето на првите решенија за влажно време, најавуваните заштитни делови против прскање на задните пневматици, на патеките е планирано за вториот или третиот квартал од 2023 година.
РАДИО ПОРАКИ ПОМЕЃУ ТИМОВИТЕ И ВОЗАЧИТЕ
Комисијата го одобри предлогот за олеснување на регулирањето на радио пораките до и од возачите за време на тркачкиот викенд.
ПРАВИЛА НА ЗАТВОРЕН ПАРКИНГ ЗА ВРЕМЕ НА СПРИНТ ВИКЕНДИ
Во контекст на намалувањето на тековниот прекумерен обем на работа на техничкиот персонал и контролорите на ФИА за време на тркачките викенди кои вклучуваат Спринт сесија, Комисијата одобри ревидирана политика за прифаќање на барањата на затворениот паркинг.
Се овозможува поголем опсег за промена на компонентите кои се склони на оштетување и поголема употреба на стандардни обрасци на Parc Fermé (Затворен паркинг).
Ова ќе важи за целиот период, од кога болидите ќе бидат донесени во затворениот паркинг по квалификациите во петок, се до кога болидот ќе ја започне трката. Ова ќе се спроведе преку техничка директива.
ПРОМЕНИ НА ПАТЕКИТЕ
ФИА потврди различни ажурирања и промени на патеките за претстојната сезона:
- Патеката во Саудиска Арабија има значајни промени за подобрување на видливоста при влез во свиоците;
- Патеката во Азербејџан ќе биде целосно реасфалтирана;
- Патеката во Мајами ќе биде целосно реасфалтирана;
- Патеката Зандворт ќе добие зголемен просторот за 1.5 метри помеѓу позициите за пит-стоп;
- Во Катар ќе се градат нови гаражи и придружна инфраструктура.
ФИА ги анализираше ДРС зоните од 2022 година и направи одредени промени за 2023 година со цел или да го олесни претекнувањето или да го отежне на одредени патеки каде што се сметаше дека тоа не е доволен предизвик.
Овие промени ќе бидат имплементирани во Бахреин, Џеда, Мелбурн, Баку и Мајами и вклучуваат прилагодување на зоните за детекција на разликата и активирање, а дополнително во Мелбурн ќе биде вратена 4-та зона за детекција.
СПОРТСКИ, ТЕХНИЧКИ И ФИНАНСИСКИ ПРОПИСИ
Малите измени на спортските, техничките и финансиските регулативи за 2023 година беа едногласно одобрени.
Ова вклучуваше воведување зимски период на затварање со работа и на тимските фабрики и на производителите на Погоски Единици (ПЕ), формулација за да се осигура дека скратените трки ќе имаат намалени бодови дури и ако не завршат со прекината трка и формулации за да се овозможи полесен пристап до фабриките за ревизорскиот тим на ФИА, со цел да се осигура придржување на тимовите и производителите кон финансиските регулативи и оперативните ограничувања на техничките и спортските прописи.
Договорено е приспособување на ограничениот буџет со зголемување на сегашните 1.2 на 1.8 милиони долари за секоја трка над 21-та, бидејќи дополнителни трки имаат тренд за подалечни дестинации што значително го оптоварува тимскиот буџет.
Имајте предвид дека сите регулаторни промени се предмет на одобрување од страна на Светскиот совет за моторни спортови.
НАЈНОВИ ОДЛУКИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФОРМУЛА 1
2/21/2023 07:38:00 PM
0
Share to other apps