Ленс Строл ќе ја пропушти претсезонската тест сесија во Бахреин по сообраќајната несреќа со велосипед, потврди тимот на Астон Мартин. Инцидентот се случил во Шпанија, а неговото учество на првата трка од сезонава ја чека еволуцијата на неговата физичка состојба.
Тимот излезе со официјално соопштение во кое се вели дека Канаѓанецот наскоро би требало да биде подобар. Неговата подготвеност да се врати зад воланот на AMR23 ќе се оценува секојдневно и тимот ќе обезбеди нови информации пред Големата Награда на Бахреин. Сите во Астон Мартин му посакуваат брзо закрепнување.
Ленс Строл: "Се случи несреќа додека возев велосипед како подготовка за сезоната. Сакам да се вратам зад воланот што е можно поскоро и со нетрпение ја очекувам претстојната сезона со тимот."
Според шпанските медиуми, несреќата се случила на југот на Шпанија, во близина на Малага, но семејството Строл решило да оди во клиника во Барселона, во потрага по добар специјалист за раце, лакт и микрохирургија.
Канѓанецот е виден во клиниката со десната рака во гипс, па неговото закрепнување можеби нема да биде навремено и за првата трка од сезоната.
Неговиот нов тимски колега, Фернандо Алонсо, исто така имаше сообраќајна несреќа додека возеше велосипед пред почетокот на 2021 сезоната, беше опериран, ја пропушти презентацијата на новиот болид, но се опорави до почетокот на зимските тест сесии.
Од Астон Мартин не прецизираа дали Фернандо Алонсо ќе биде задолжен да ги комплетира сите три тест дена или шанса ќе добие и некој од резервните возачи, Фелипе Другович или Штофел Вандорн.
Минатата година Ландо Норис го имаше Мекларенот три тест дена за себе, поради болеста на Даниел Рикиардо.
ЛЕНС СТРОЛ ПАДНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, ЈА ПРОПУШТА ПРЕТСЕЗОНСКАТА ТЕСТ СЕСИЈА
2/20/2023 07:11:00 PM
0
Tags
Share to other apps