Организаторите на Големата Награда на Австрија и Формула 1 потврдија дека постигнале четиригодишно продолжување на договорот, па така овој настан е обезбеден, најмалку, до 2027 година.
По отсуство од 11 години од Ф1 календарот, Ред Бул Ринг се врати во јуни 2014 година и постави цврсти темели за модерната ера на Австриското Гран При.
Ред Бул Ринг, која се наоѓа во регионот Штаерска, е единствената Ф1 патека во Австрија и има репутација како еден од најважните моменти во календарот, и покрај неодамнешните нови додатоци, како што е Лас Вегас.
Ѕидот од боја, создаден од патувачката "портокалова армија" на фановите на Макс Ферстапен е еден од најпрепознатливите спектакли на модерниот Ф1 календар.
Досега се одржани 11 трки на Ред Бул Ринг, а патеката беше домаќин на многу незаборавни моменти кои вклучуваат имиња на ѕвезди од светот на мотоспортот, како и некои клучни победи за тимот на Ред Бул.
Лидер во однос на победите на Ф1 трките во Австрија е Ферстапен со четири (2018, 2019 и двојна победа во 2021 година) пред Алан Прост со три.
Големата Награда на Австрија во 2023 година треба да се одржи викендот од 30 јуни до 2 јули.
ГН АВСТРИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ВО Ф1 КАЛЕНДАРОТ, НАЈМАЛКУ ДО 2027 ГОДИНА
3/15/2023 06:11:00 PM
0
Share to other apps