Ред Бул ја започна новата сезона со 1-2 Победа, во трка каде остави многу силен впечаток, па со тоа важи за најголемиот фаворит за шампионските титули.
Но, зад сцената се случуваат настани кои се уште не се манифестирале јавно, но раѓаат прашања кои до неодамна воопшто не беа на дневен ред.
Ова се должи на расположението на највисокото раководство на Ред Бул, кое по смртта на Дитрих Матешиц почна постепено да се менува.
Се шушка дека Оливер Минцлаф, кој е задолжен за корпоративни проекти и инвестиции во оваа австриска компанија, не е многу заинтересиран за трките, како и дека со Хелмут Марко нема баш најдобри односи.
Спидвик, кој е дел од медиумската империја на Ред Бул, неодамна го наведе следниов коментар од консултантот за моторспорт:
"Јас и Минцлаф се сретнавме двапати. Тој сподели дел од своите размислувања, а како ќе ги прифати нашите идеи ќе стане јасно подоцна."
"Формула 1 тимот на Ред Бул отсекогаш бил многу независна дивизија. Сега тоа не е така, бидејќи после секој тренинг и трка морам да поднесувам извештај. Веќе не зборуваме за отворени, лични и пријателски односи. Дитрих имаше своја визија, тој беше многу емотивна личност."
"Не гледам веќе ништо слично. Јас сум слободна личност и можам да престанам во секој момент ако работата престане да ми носи задоволство. Да видиме како ќе се одвиваат работите во иднина."
Хелмут Марко одигра посебна и многу важна улога во создавањето успешен Ф1 тим, а оваа улога е споредлива со онаа на неговиот стар пријател Ники Лауда во неговото време во Мерцедес АМГ.
Матешиц и Марко, поранешен возач, имаа доверлив пријателски однос кој се разви пред неколку децении, кога тој сè уште не беше ја завршил својата спортска кариера.
За сè што е поврзано со Ред Бул, Марко известувал само на Матешиц лично и имал слобода да донесува многу одлуки, а особено бил единствениот одговорен за младинската програма на тимот.
Токму тој одигра фундаментално важна улога во фактот што Макс Ферстапен стана возач на Ред Бул во 2014 година, го имаше своето деби во Формула 1 една година подоцна и во 2021 година ја освои својата прва шампионска титула за тимот од Милтон Кејнс.
Марко следниот месец ќе наполни 80 години, сите проблеми ги решаваше директно со Матешиц, но сега ситуацијата се менува и воопшто не е факт дека Марко ќе мора да се прилагоди на ново настанатата ситуација.
Тој не беше навикнат на традиционалната корпоративна хиерархија, а по смртта на Матешиц, оваа култура веројатно постепено ќе се вкорени во Ред Бул.
Во секој случај, одредени промени ќе се случат и не случајно почнаа разговори за евентуална претстојна продажба на тимот на АлфаТаури или негово преместување во Велика Британија.
Најверојатно изворот на овие гласини бил некој внатре во компанијата кој намерно ги изнел за пошироката јавност за сите да станат свесни за новите размислувања во Ред Бул.
Можно е тоа да го натера новото раководство, барем, да размисли и внимателно да ги одмери сите одлуки за иднината.
Ако зборуваме за моменталната ситуација во Ред Бул, тогаш надворешно сè изгледа сосема нормално. Тимот се смета за фаворит на сезоната, за него вози еден од најдобрите возачи во светот, и веќе се потпишани стратешки договори со Форд.
Притоа, не може да се исклучи дека влијанието на Хелмут Марко врз целата оваа ситуација постепено ќе се намалува, а може да очекуваме дека во не така далечна иднина тој ќе ја напушти функцијата.
ЗАД СЦЕНАТА: СОСТОЈБАТА ВО ТИМОТ НА РЕД БУЛ
3/13/2023 03:47:00 PM
0
Share to other apps