Саиф бин Сулeјем, 29-годишниот син на претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, во вторникот, загинал во сообраќајна несреќа во Дубаи, во која учествувале повеќе возила.
Вчера оваа вест беше потврдена од ФИА, додавајќи дека нема да има детали или дополнителни коментари од Бин Сулејем или федерацијата.
Во младоста, Саиф се занимавал со моторспорт. Во 2016-2017 година, тој се натпреваруваше во Формула 4 во ОАЕ против Оскар Пјастри и Логан Сарџент.
Саиф неколку пати имаше топ 10 пласман, но реши да не ја продолжи својата тркачка кариера во меѓународните шампионати.
СИНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИА ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
3/10/2023 11:13:00 AM
0
Share to other apps