Новата 2023 Формула 1 сезона, која ќе биде 75-та од овој Шампионат, започнува со трката за Големата Награда на Бахреин, на патеката Сакир.
Трката се одржува од 2004 година, а од 2014 година кога ја прославија својата јубилејна 10 трка, организаторите се решија за старт во 18:00 часот по локално време.
Тоа значи дека трката стартува на зајдисонце, за да се заврши во целосна темница, слично како во Абу Даби.
Сакир е модерна патека направена по највисоки стандарди, финансирана од моќните шеици. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, а најголем проблем е пустинската прашина која го намалува нивото на грип.
Се карактеризира со четири долги правци, комбинирани со тесни и бавни свиоци. Миксот на бавни кривини на крајот од долгите правци значи дека тоа е една од најтешките патеки за сопирачките во целата сезона.
Ова е патека која најмногу ги истакнува перформансите на погонската единица, како V6 моторот, така и хибридниот дел. Сепак, не треба да заборавиме дека брзината на правците директно зависи и од нивото на аеродинамична потисна сила.
Значи од витална важност ќе биде да се погоди вистинското подесување на болидот, за да се извади неговиот максимум од моќноста на ПЕ и аеро придобивките.
Според техничарите на Брембо, Меѓународната патеката Бахреин е оценета како една од најпредизвикувачките кога се работи за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 4, исто како легендарнатапатека во СПА-Франкоршамп иако имаат различна конфигурација и должина.

Трката ќе започне по зајдисонце, така што ќе се одржи во вештачко осветлување. Сепак, присуството на раткапните на тркалата кои беа претставени во 2022 година значи дека нема да можеме да ги видиме "усвитените" јаглеродни дискови. При сопирање, болидите ја враќаат енергијата која потоа ќе ја користат во другите фази од трката.
При секој круг на меѓународната патека во Бахреин, возачите на Ф1 болидите ги користат своите сопирачки 8 пати со вкупно 15.9 секунди со 4 моменти на сопирање кои траат по повеќе од 2 секунди, распоредени по целата патека. Поради присуството на 15 свиоци, од кои три треба да се извозат со брзина под 90 км/ч, болидите надминуваат 300 км/ч само на еден дел од патеката.
Свиоците 10 и 11 се единствените последователни вртења каде што се потребни сопирачките иако тие се одделени со мал правец што му овозможува на системот за сопирање да дише.
Максималното забавување никогаш не надминува 4.3Г, додека вкупното оптоварување на педалата на сопирачката од почеток до финишот е скоро 53 метрички тони за секој возач.
Најтешкиот дел за сопирање е првиот свиок, кога болидите од 323 км/ч намалуваат до 80 км/ч во растојание од само 124 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 124 кг на педалот на сопирачките.
Се започна со една, беше додадена уште една, за да се заврши со три ДРС-зони за што повеќе претекнувања. Првите две зони се наоѓаат на главните правци, а дополнителна трета зона се наоѓа на правецот помеѓу третиот и четвртиот свиок. За оваа година ДРС-зоната што се наоѓа на стартно/целниот правец е намалена за 80 метри .
Временската прогноза за денешната трка е слична на претходните денови. Сонцето ќе зајде во 17:40 часот по локално време, а стартот е закажан за 18 часот. Температурата на воздухот во тој момент ќе се спушти на околу 25 степени целзиусови. Врнежи не се очекуваат.
Знаеме дека гумите имаат значително влијание на поредокот, со оглед дека и неколку степени разлика во температурите може да влијаат на балансот на болидите, а патеката Сакир е една од најсложените за гумите на Пирели.
Причината е крајно абразивниот асфалт, како и големиот број на зони на интензивно сопирање и забрзување. Од Пирели се решија за истите номинации од минататата година, бели C1, жолти C2 и црвени C3.
Но,разликата е во тоа што C1 смешата не е иста како лани е еден степен помека. Минатогодишната C1, годинава е C0.
Инженерите на Пирели за Големата Награда на Бахреин предвидуваа дека ќе биде трка со две застанувања за промена на гуми, како што беше случај во претходните години.
На хартија, најбрзата стратегија е да се стартува трката на црвените, а потоа да се премине на белите. Во зависност од тоа кои гуми ги има на располагање секој возач, тогаш постои опција да се финиша трката на друг сет на црвени или бели гуми.
Финиширање на трката на црвените гуми, теоретски, е малку побрза опција во целина.
За оние кои сакаат ги користат жолтите гуми, стратегиите црвени-жолти-црвени или црвени-бели-жолти се друга можност, но овие опции се побавни.
Високата абразивност на асфалтот на патеката Сакир го отежнува изборот на едно застанување во бокс поради високите нивоа на деградација.
Марио Изола, Пирели: "Како што очекувавме, поголемиот дел од тимовите ја користеа најмеката, црвена, гума на саботниот тренинг за да се подготват за квалификациите."
"Ред Бул беше единствениот тим што ги проба и белите, најтврди, гуми, без да се загрози достапноста на оваа смеша за трката, бидејќи секој возач има два сета достапни."
"Новата смеша, од кои се произведени белите гуми, сигурно ќе биде клуч за денешната трка."
"Квалификациите целосно се одвиваа на црвените гуми, со оглед на разликите во перформансите меѓу смешите, при што Ферстапен го победи минатогодишното време за Пол позиција од Чарлс Леклер."
"Фактот дека овогодинешното време беше околу осум десетинки побрзо, во слични услови, ги нагласува зголемените перформанси на нашите гуми за 2023 година."
Новите правила стартуваа минатата година со цел битките и претекнувањето на патеките да биде полесно, што во поголема мера се реализираше. Но, ова е ако болидите се еднакви или блиски по брзина.
Негативна нус-појава која речиси никој не ја предвиде, освен можеби Адријан Њуи, се вертикалните осцилации на болидите од новата генерација.
ФИА мораше да интервенира, ги принуди тимовите да ги подигнат болидите за 15мм и да инсталираат акцелерометри кои ќе го мерат нивото на осцилациите.
Минатата недела, за време на тестовите во Бахреин, многумина речиси немаа осцилации, но Ферари, и особено Алпине ги имаа, што значеше нивни отстапки од идеалните поставки на нивните болиди.
Очигледно на почетокот на сезоната првите три најбрзи тима ќе останат исти: Ред Бул, Мерецедес АМГ, Ферари, а најзабележителен напредот имаа во тимот на Астон Мартин, плус го доведоа и Фернандо Алонсо.