Како и во изминатата сезона, примарен начин за следење на Формула 1 на телевизија е странскиот канал Спортклуб, е сега кој нивни канал е прашање, затоа што имаа обичај да менуваат како им одговара.
Откако овој канал ги откупи Ф1 правата за емитување ТВ преноси и на територијата на Република Македонија, нити една од нашите национални телевизии не се расположени за вложување на огромни средства кога треба да се натпреваруваат со нелојална конкуренција.
Еден од најголемите кабловски оператори, А1, останува на ставот дека нема да ги емитува овие канали, па најмалку 1/3 од македонскиот аудиториум немаат "легална опција"да ги гледаат трките на Формула 1.
А1 ги доби каналите на Арена каде се емитуваат сите познати фудбалски првенства, па нормално дека ќе се решат за таа опција. Не дека и Арена емитува легално во Македонија.
За тие што не се во можност да го гледаат Спортклуб да се обидеме да најдеме практично решение за тоа како да ги гледаат трките од омилениот мотоспорт кога не се достапни легални преноси на нашите национални телевизии.
Сите новости, најнови и проверени, поврзани со Формула 1 како и секогаш ќе ги имате на нашиот блог, ФБ страница и Вајбер групата. Но кога се во прашање преноси на трките, тука имаме две решенија, посложено и поскапо или поедноставно и поефтино.
Со други зборови, подзаборавените сателитски антени или стримови преку интернет. На официјалната страница на Формула 1 ги имате најновите информации кои канали емитуваат Ф1 трки, со напомена дека стануваат се поретки каналите кои емитуваат бесплатно, Free-toAir.
Потоа се обраќате до монтери на сателитски антени во вашиот град и прашувате дали можат да обезбедат пристап до еден од каналите од списокот. Ако можат, тогаш тоа е прашање на технологија и вашите финансиски можности.
Полесно и подостапно е да се гледа Формула 1 онлајн. За да го направите ова, потребни ви се услугите на неофицијални IPTV провајдери кои пренесуваат сигнал од сателит преку Интернет. Има многу такви провајдери и тие овозможуваат гледање ТВ канали на повеќе врсти на телевизори и уреди: SMART, Андроид, iOS или Windows.
Главната разлика помеѓу таквите провајдери и официјалните е тоа што тие обезбедуваат пристап до ТВ канали кои не се емитуваат во Македонија. Просечната цена на претплата е од 300 денари месечно, па нагоре.
Повеќето од нив обезбедуваат бесплатен тест пристап, што овозможува да се провери квалитетот на сликата и да се уверите дека ги имаат каналите кои нудат Ф1 трки.
Најпознат и најдобар секако е специјализираниот канал на Скај групацијата, Sky Sports F1, кој емитува на англиски, германски и италијански јазик. Покрај него има и други канали од различни земји.
Многу добар начин за гледање на Формула 1 е да се претплатите на официјалната услуга F1 TV Pro. Во Македонија таа не е достапна, (причината никој не ја знае, зошто сме отсечени од реалноста, кога сите соседни земји, па дури и Косово, Босна имаат право на претплата!), но ограничувањето може да се заобиколи.
Доволно е да се поврзете преку VPN од земја во која е достапна услугата (на пример, Србија), да регистрирате нова сметка, означувајќи ја истата земја на живеење преку која работи вашиот VPN и да платите за претплатата. Сепак ова не е баш најбезбедно решение.
За крај наједноставното и најефтино решение се стримовите кои ги има на интернет. Квалитетот на сликата е добар, но има повеќеминутно доцнење и нема гаранции дека пронајдениот линк ќе продолжи да работи и следниот пат.
Во Вајбер групата настојуваме редовно да се постираат фунционални линкови за сите уреди од телефон, компјутер, ТВ од понова генерација.
И последна опција се старите добри торенти, доколку сте спремни да ги гледате трките со совршен квалитет, но задоцнување од повеќе часа. Можностите за гледање Формула 1 остануваат, но бараат поголем напор, отколку само вклучување на ТВ приемникот.
СТАРТУВА ФОРМУЛА 1, НАЧИНИ ЗА ГЛЕДАЊЕ ПРЕНОС ВО ЖИВО
2/27/2023 11:14:00 AM
0
Tags
Share to other apps