Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Бахреин.
ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Генерално, ова беа прилично добри квалификации за мене. Овој викенд беше тешко да се стават гумите во работната температура за да се нападне, но сето тоа некако ми успеа во Q3 и последниот брзкруг беше добар."
"Многу сум задоволен од кругот и што сум на Пол позицијата овде во Австралија. Со нетрпение го очекувам утрешниот ден, кога ќе имаме интересна трка."
"Потребен е чист старт, а после тоа, се надевам дека можеме да завршиме добра работа. Сум бил на подиумот овде и порано, но овој пат сакам да бидам на највисокото скалило."
Џорџ Расел, П2: "Каква сесија беше за нас! Денес, болидот се чувствуваше жив и воопшто не го очекувавме овој резултат. Кругот на крајот беше точно на границата, а малку сум разочаран што не ја добивме Пол позицијата."
"Но, тоа е една од оние работи во овој спорт. Вашите очекувања се менуваат толку брзо, веројатно, вчера, ќе бевме среќни со топ 5 резултат, но денес болидот се однесуваше прекрасно. Тоа покажува дека имаме потенцијал."
"Има многу работа назад во фабриката и овде во Мелбурн. Возбуден сум за утре, ќе биде тешко против Макс, но ние дефинитивно сме многу среќни што ќе стартувам од првиот ред."
Алекс Албон, П8: "Денес е прилично посебен ден. Оптимизиравме сè што имавме и добивме многу добар болид, така што се чувствувам навистина среќен. На тренинг сесиите се мачевме да ги профункционираме гумите, но влеговме во квалификациите и го извршивме нашиот план кој се исплатеше."
"Пневматиците работеа и се останато си дојде на своето место. Гледајќи го напредокот што го направи тимот за 12 месеци, знаејќи дека можеме да се бориме за поени секој викенд, јас и тимот живееме за тоа и мотивацијата е висока."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез, П20: "Денес беше ден за заборав. Имаме технички проблем за кој се обидуваме да го решиме, го имавме истиот проблем на тренингот и мислевме дека го решивме, но штом притиснав на сопирачките беше јасно дека не сме успеале."
"Денес немав касмет, но заедно како тим ќе дадеме се од себе да го решиме проблемот пред утрешната трка. На патека каде што е тешко да се престигне, ќе биде напорна трка, но ќе направам се што можам за да заработам добри поени за тимот и да дојдам до што подобар пласман."
Валтери Ботас, П19: "Надградбите што ги донесовме во Мелбурн се чини дека функционираат како што очекувавме, така што не може да се негира дека очекувавме повеќе од квалификациите."
"Ова, се разбира, не е онаму каде што сакавме да бидеме, и дефинитивно има многу неодговорени прашања за оваа квалификациска сесија. Се чинеше дека ни недостасува темпо, а згора на тоа, наидов и на малку сообраќај во последниот круг, кога го почувствував најдобриот грип од гумите, така што не можевме многу повеќе да направиме."
"Барем, старт од последните редови отвора уште неколку стратегиски опции, па да видиме што можеме да постигнеме за време на трката. Овие се далеку од идеални стартни позиции, па мора да испитаме што тргнало наопаку и ќе се прегрупираме за да можеме утре да нападнеме."
Логан Сарџент, П18: "Ова не беше лесна квалификациска сесија и се мачев да изнајдам повеќе перфоманси. Чувствував дека напредувам добро, како што сесијата одминуваше, станував сè побрз и побрз, и дефинитивно бев во доволно добар круг за Q2, но направив грешка во третиот сектор."
"Овој викенд немав можност за повеќе кругови, со електричните проблеми на Т1, го пропуштив и Т2 поради тоа, но бевме способни за Q2 денес. Тешко е да се каже каков болид имаме за утре, бидејќи не извозевме подолги стинтови, но генерално, имаме прилично брз болид, особено на правците. Утре ќе треба да бидеме процедурално совршени, да имаме добар старт, добро тркачко темпо и ќе се обидеме да направиме повеќе претекнувања."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МЕЛБУРН
4/01/2023 07:06:00 PM
0
Share to other apps