Во Азербејџан Формула 1 го имаше своето деби во 2016 година, кога се возеше трка под името Голема Награда на Европа. Веднаш по првата трка организаторите го сменија името, и настанот ја доби титулата Голема Награда на Азербејџан.
Баку ги нема карактеристиките на останатите градски патеки, бидејќи стартната позицијата на истата не е од големо значење, особено во споредба со Сингапур и Монте Карло.
Со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Таа претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца.
Тимовите се обидуваат да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила. Кратката историја на трката сугерира дека не постои едно решение што одговара на сите предизвици.
Претекнувањето е споредливо со Австрија и Бахреин, патеки каде тоа е лесно остварливо, така што стратегијата со боксевите е повеќе оптимална, отколку реакционална. Загубата на време за влез во бокс е околу 21-секунди, со што патеката во Баку е една од побрзите во однос на оваа карактеристика на трката.
Стратегијата е водена од деградација на гумите, а Пирели ги донесе своите најмеки и најмалку издржливи смеши C3, C4 и C5. Безбедносниот автомобил има потенцијал да влијае на стратегиите затоа што веројатноста за прекин на трката е голема.
Трката за Големата Награда на Азербејџан која се состои од 51 круг, од стратегиоска гледна точка е јасна, во нормални околности ќе гледаме само едно застанување во бокс.
Но, постојат два начини да се пристапи кон истата, а исто така и големата веројатност за излегување на безбедносниот автомобил може целосно да ги сврти работите.
Теоретски најдобриот начин да се започне трката се жолтите гуми, а потоа да се премине на белите до крајот. Ова дава широк прозорец за застанување,13-18 круг, што го прави добар конзервативен избор.
Оние кои сакаат да пробаат нешто поризично може да ги користат црвените гуми за почетниот стинт, па потоа трката да ја финишираат на белите. Црвените гуми ќе испорачаат малку дополнителна брзина на почетокот, но тоа значи порано одење во бокс, 8-13 круг, и повнимателно нивно менаџирање.
Двете споменати стратегии се добри, но големата непознаница е безбедносното возило, кое би можело да понуди екстра брз пит-стоп во секој момент. Но, имаше и трки во Баку кои беа неверојатно чисти, така што тоа не е нешто на кое некој може да се потпре.
Она што е сигурно е дека со стратегијата со две застанувања е јасно побавна, и освен ако не постои многу добра причина не е препорачливо да се употреби.
Марио Изола, Пирели: "Спринт викендот со новиот формат ја направи саботата во Баку прилично поинаква. Видовме спринт престрелка, проследена со спринт, на кој можеше да се видат можностите на тимовите како во оглед на нивните перформанси, така и абењето на пневматиците."
"Жолтите гуми беа избрани од огромното мнозинство на возачи,17 од вкупно 19, со приближно еднаков дел помеѓу нови и користени сетови: осум наспроти девет. Ова покажа како жолтите гуми може да понудат не само добри врвни перформанси, користени од сите возачи во SQ1 и SQ2, туку и нивната способност да го одржуваат тоа ниво на значително подолго растојание."
"Како што се очекуваше, некои од тимовите кои не очекуваа дека ќе имаат шанси да освојат поени, 17-те круга од спринтот ги искористија за да испробаат две различни смеши и да соберат дополнителни информации пред трката."
"Од наша гледна точка, првичната анализа на податоците сугерира дека најверојатната стратегија е со едно застанување во бокс, веројатно со користење жолти и бели гуми."
"Вкупно 18 возачи ќе имаат на располагање два комплети бели гуми, што ќе им овозможи да ги искористат сите евентуални неутрализирања, што е јасно можно на оваа улична патека, како што видовме од Формула 2 трката и Спринт во Формула 1."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ГН АЗЕРБЕЈЏАН
4/30/2023 10:51:00 AM
0
Share to other apps