Серџо Перез повторно блесна на уличната патека во Баку и извојува победа во првиот спринт за оваа сезона. Мексиканецот ги победи Чарлс Леклер и Макс Ферстапен за да ги земе дополнителните 8 поени што беа достапни во Азербејџан.
Џорџ Расел беше 4-ти, успеа да го претекне и оштети болидот на Макс Ферстапен за П3 која не успеа да ја задржи до крајот. Карлос Саинц Јр. беше петти, пред Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо и Ленс Строл на последнато место кое носи поен.
Перез не можеше да го победи Леклер на стартот, но кога беше активиран ДРС-системот лесно и рано го престигна Моначанецот за водство во спринтот, по што следуваше рутинска завршница со успешно менаџирање на Пирели пневматиците.
Чарлс Леклер утре повторно ќе стартува од Пол позицијата, но со оглед на тоа што деградацијата на гумите беше значително поголема на Ферарито во однос на болидите на Ред Бул, кои патем стартуваат на употребуваби жолти пневматици, тешко да се бори за Победата, туку ќе настојува да остане во пласман за победничкиот подиум.
Макс Ферстапен, на стартот, имаше жесток дуел со Џорџ Расел, дојде до контакт меѓу двата болиди и Холанѓанецот заработи дупка во каросеријата, но успеа да заврши на третото место, па дури и му фалеше малку да го престигне Чарлс Леклер и покрај оштетениот РБ19.
Јуки Цунода повторно имаше контакт со заштитните бариери на крајот од првиот круг, и повторно го уништи десното задно тркало и амортизација, а тоа значеше период на виртуелно безбедносно возило.
Спринтот беше рестартиран на крајот од петтиот круг. Леклер успеа да се одбрани од Серџо Перез, додека Верстапен го нападна Расел во првиот свиок и се врати на третото место.
Карлос Саинц Јр. имаше блиска битка со Луис Хамилтон, нешто што одеше во прилог на Фернандо Алонсо, кој го искористи тоа за да го престигне британскиот возач.
Спринтот се состоеше од само 17 круга, па ДРС-системот беше дозволен по само еден комплетиран круг по стартот/рестартот, па Перез започна да го користи од седмиот круг и се залепи зад болидот на Ферари и веќе на крајот од истиот круг, Мексиканецот релативно лесно успеа да го мине Моначанецот.
Чарлс Леклер се обиде да остане во чекор со Ред Бул со помош на ДРС-системот, но малку по малку предноста на лидерот се зголемуваше, па веќе во десеттиот круг беше повеќе од една секунда.
Макс Ферстапен успеа да биде во ДРС-домет зад возачот на Ферари, додека Расел беше четврти, во друга лига, а зад него беа Саинц Јр., Алонсо и Хамилтон.
Сепак, Чарл Леклер изненади неколку круга подоцна, реши да ги притисне максимално без штедење на пневматиците, се врати на ДРС-зоната на Серџо Перез и на пет круга до крајот се обиде да притисне за победата, додека Ферстапен почна да се откажува од третото место.
Серџо Перез не дозволи да биде изненаден, го зголеми темпото, гумите на Ферарито попуштија па на крај Мексиканецот имаше импресивни 4 секунди предност пред Чарлс Леклер кога мина низ целната линија.
ЧЕКО ИМПРЕСИВЕН, ПОБЕДНИК НА СПРИНТОТ ВО БАКУ
4/29/2023 03:08:00 PM
0
Share to other apps