Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Мајами.
Серџо Перез, П1: "Генерално, бев задоволен од саботата, бев смирен кога беше најважно и под голем притисок. Беше добро. Имав тежок викенд до квалификациите. Патеката се подобруваше, но новиот асфалт е навистина чувствителен, ги направи работите малку незгодни, па ми требаше вториот круг."
"Знаев дека во третиот свиок мора да дадам се од себе и беше важно да се осигурам дека тоа е силен круг. Никогаш не е убаво кога ќе видите друг возач како излетува или црвено знаме на патеката и бев малку изненаден, мислев дека ќе сесијата ќе продолжи, но тоа беше тоа."
"Недела е нов ден и се може да се случи. Морам да бидам целосно посветен и треба да се обидеме да имаме добра трка. Целта е да се има совршен старт, а потоа и совршена трка. Јас сум многу среќен, чувствувам дека треба да го искористам моментумот во кој се наоѓам."
Кевин Магнусен, П4: "Многу сум задоволен! Во САД, на Големата награда на Мајами, пред нашата домашна публика, главниот спонзор и другите партнери, одлично е да се биде во можност да се постигне таков резултат."
"Се разбира, нема бодови за квалификации, ние го знаеме тоа, но знаеме и какво е чувството да се има добри квалификации. Тоа беше многу забавно и се надевам дека тоа ќе ги поттикне сите за добра трка. Многу сум среќен што ќе стартувам од П4 и навистина сум воодушевен."
Пјер Гасли, П5: "Многу сум задоволен од квалификациите и стартот од петтата позиција. Одлично е што и Естебан и јас сме во најбрзите десет, што треба да ни овозможи одличен тимски резултат, особено по минатиот викенд."
"Црвеното знаме се појави токму кога требаше да го започнеме последниот круг со нови меки гуми бидејќи се чувствував прилично добро и ќе беше интересно да се види каде ќе завршиме."
"Мојот круг на користени гуми беше пристоен, доволно за да бидам петти на гридот и сите гледаме напред кон неделната трка, на која што треба да се стремиме да ги претвориме овие перформанси во поени."
ГУБИТНИЦИ
Чарлс Леклер, П7: "Притискав премногу силно во мојот последен круг во Q3 и нема оправдувања. Ќе стартувам од П7, а времете може да ги измеша работите. Се надевам дека ќе имам чиста трка и ќе настојувам да се вратам на врвот."
Макс Ферстапен, П9: "Проблемот беше до мене, го притискав болидот до неговите граници и згрешив. Морав да го прекинам првиот круг, а потоа немав среќа со црвеното знаме."
"Тоа е болно и вознемирувачко, бидејќи цел викенд бев доста брз, па мојот најбрз круг во Q2 ќе беше доволно брз за пол позицијата. Се разбира, влегувам во секој викенд обидувајќи се да победам, но стартот на деветтото место не е оптималната позиција."
"Мојата минимална цел за трката треба да биде второто место. Сигурно ќе биде тешко, но јас самиот си го направив овој проблем."
Луис Хамилтон, П13: "Не бевме доволно брзи на квалификациите. Имавме сесија со падови и подеми, имаше неколку добри моменти кога болидот се чувствуваше жив, и мислев дека ќе бидеме во ред."
"Беше фрустрирачки што не влегов во Q3. Се надевав, но тајмингот на крајот едноставно се исклучи. Тоа во комбинација со многу сообраќај во последниот свиок доведе до тоа да не можам да ги доведам гумите во работниот прозорецот."
"Генерално, имав проблем со балансот на болидот. Дадов се што имав, но денес тоа не беше доволно за добар пласман. Сега ќе се обидам да надоместам на трката."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МАЈАМИ
5/07/2023 11:17:00 AM
0
Share to other apps