Макс Ферстапен доминираше на Големата Награда на Шпанија од почеток до крај со 0 конкуренција, ја забележа третата последователна Победа, петта во сезоната и 40-та во Формула 1 со што ја зголеми предноста во генералниот пласман на 53 поени.
На Каталуња, Холанѓанецот беше чекор пред останатите, беше многу конкурентен цел викенд, беше на врвот на табелите на сите сесии, во трката само се прошета до подиумот.
Единствено, Карлос Саинц Јр. се обиде да го загрози неговото водство, обидувајќи се да го претекне на стартот, но Шпанецот не успеа во своите намери, а подоцна не можеше ништо да направи ништо повеќе со своето Ферари, кое и со новите надградби не го изгуби апетитот за "јадење" на пневматиците на Пирели.
Дополнително, Ферстапен го забележа и најбрзиот круг на трката, со кој ги освои максималните 26 поени на Шпанското Гран При.
Мерцедес АМГ се врати на подиумот со нивните два болида. Луис Хамилтон и Џорџ Расел, со надградениот W14, се обидоа да го следат Холанѓанецот, но на крајот беше можно само да го победат Серџо Перез.
Еден чекор поназад, Карлос Саинц Јр. не можеше да направи чудо во оваа прилика. Шпанецот вчера блесна во квалификациите, но денеска не можеше да го издржи темпото на Ред Бул и Мерцедес АМГ.
Астон Мартин и Фернандо Алонсо помина полошо, бидејќи не можеа ништо повеќе од седмото место и првпат заврши зад неговиот тимски колега, Ленс Строл. Последните бодови ги освоија Естебан Окон, Џоу Гуанју и Пјер Гасли.
Седмата трка од сезоната започна со стартен редослед во кој неколку возачи беа надвор од своите стандардни позиции. Заканата од дожд беше присутна, но не се оствари. Од Пирели предвидоа различни стратегии за сува патека, но најбрзата беше со две застанувања во бокс. Така и беше...
Стартот беше исклучително чист, без поголеми инциденти, освен контактот помеѓу Ландо Норис и Луис Хамилтон, кој ја уништи трката за Британецот во тимот на Мекларен.
Макс Ферстапен добро стартуваше и покрај тоа што имаше жолти гуми, за разлика од останатите во неговата околина кои беа на црвените гуми, го задржа водството со агресивноста што го карактеризира, пред Карлос Саинц Јр. и Ленс Строл кој напредуваше две позиции.
Луис Хамилтон беше четврти, Окон петти, Алонсо шести и Расел седми. Британецот имаше добар старт и во првиот круг напредуваше 5 места. Ландо Норис мораше во бокс по ново предно крило.
Лидерот во само два круга успеа да создаде повеќе од една секунда разлика пред Саинц Јр., така што не му дозволи да го користи ДРС-системот.
Ленс Строл исто така заостануваше неколку секунди зад Шпанецот, а Хамилтон го држеше Окон зад себе. Фернандо Алонсо, откако беше нападнат од Расел на почетокот, почна да цели кон Естебан Окон пред себе.
Подолу во поредокот, Серџо Перез на жолтите гуми напредуваше само едно место, беше 10-ти, а Чарлс Леклер по стартот од пит-линијата стигна само на 18-то место по првиот круг.
Во шестиот круг, Серџо Перез го престигна Нико Хулкенберг и се пласираше на деветтото место, а во следниот круг, Џорџ Расел го мина Фернандо Алонсо со помош на ДРС-системот и се искачи на шестото место.
Набргу потоа, во осмиот круг, Луис Хамилтон ги потврди добрите перформанси на Мерцедес АМГ претекнувајќи го Ленс Строл од надворешната страна на првиот свиок.
Британецот веќе беше трет и го имаше Саинц Јр. пред себе како наредна цел. Перез го продолжи својот пробив на гридот во деветтиот круг, ослободувајќи се од Џоу, кој ја искористи можноста да го започне влегувањето во нови гуми на крајот од тој круг.
Мексиканецот веќе беше во близина на Фернандо Алонсо и тоа со жолтите гуми (1.1 секунди побавни од црвените). Неколку минути подоцна, во 11-от круг, Џорџ Расел го престигна Естебан Окон за петтото место.
Се чини дека на надградениот W14B му легна Каталуња. За тоа допринесе и не многу жешкото и не многу ладното време во Барселона, со тоа погодувајќи го перфектниот работен опсег на сребрените стрели.
Во 14-от круг, Макс Ферстапен беше нешто повеќе од шест секунди пред Карлос Саинц Јр., додека Луис Хамилтон беше во ДРС зоната зад Ферарито, кое веќе почна да губи темпо поради деградација на црвените гуми.
Малку поназад, Фернандо Алонсо го зголеми своето темпо и се најде во ДРС зоната, принудувајќи го Естебан Окон да го направи својот прв пит-стоп на крајот од 15-от круг.
Во бокс се упати и Ленс Строл, а Карлос Саинц Јр го направи тоа веќе во следнот круг. Со чиста патека пред себе, Луис Хамилтон можеше да го одржува темпото на првичните црвени гуми и започна да вози многу брзи кругови, понекогаш побрзо и од Ферстапен во тоа време.
Британецот чекаше до 25-от круг за да влезе во бокс по нови гуми, и на патеката се врати на петтата позиција, зад Саинц Јр., но со нов сет на жолти гуми, девет круга понови од тие на Шпанецот.
Џорџ Расел го копираше својот тимски колега во следниот круг, и се врати на шестото место, веднаш пред Окон и две секунди зад Ленс Строл.
Возачите на Ред Бул беа последните што останаа на патеката. Очекувано, Макс Ферстапен, откако конкуренцијата заврши со менување гуми, на "раат" влезе во да ги замени жолтите со бели гуми. Водството на трката не беше загрозено во нити еден момент.
Серџо Перез влезе во бокс во 28-от круг и исто така стави бели гуми. Речиси во исто време, Луис Хамилтон го претекна Карлос Саинц Јр., а зад него Џорџ Расел го помина Ленс Строл. Возачите на Мерцедес АМГ продолжија со напредок кон победничкиот подиум.
На Мексиканецот, по застанувањето, не му требаше долго време да се ослободи од Фернандо Алонсо, Јуки Цунода, Естебан Окон и Ленс Строл. Канаѓанецот го имаше своето второ застанување во 35-от круг, а Јуки Цунода ја следеше истата стратегија.
Џорџ Расел, од своја страна, ја намалуваше разликата во однос на Карлос Саинц Јр. и го претекна Ферарито во првиот свиок.
Во меѓувреме, Серџо Перез почна да се доближува до Карлос Саинц Јр. и тоа доведе до вториот пит-стоп на Шпанецот, во 42-от круг. Фернандо Алонсо чекаше до 45-от круг за да смени гуми по втор пат враќајќи се на патеката на 10-то место, веднаш зад Џоу, но на многу понови бели гуми од неговите ривали.
Фернандо релативно лесно се ослободи од Џоу Гуанју и Јуки Цунода, но со Естебан Окон беше малку потешко, беа потребни два круга, а Французинот го потсети на жешките моменти од минатата сезона кога беа тимски колеги.
Луис Хамилтон и Серџо Перез го направија последниот пит-стоп во 52-от круг, а Макс Ферстапен, очекувано, го направи тоа во 53-от круг. Серџо Перез се најде зад Саинц Јр., но на меки гуми, а Ферарито на бели гуми беше лесен плен.
По последните влегувања во бокс, на само единаесет круга до крајот, трката се стабилизира. Ферстапен водеше со повеќе од 16 секунди предност во однос на Луис Хамилтон и 21 секунда пред Џорџ Расел.
Перез заостануваше речиси половина минута зад лидерот и Саинц Јр., кој беше ни ваму, ни таму, безбеден на 5-тото место.
Зад него, Ленс Строл беше шести, а Фернандо Алонсо седми. Шпанецот имаше повеќе темпо, но не сакаше да го нападне Канаѓанецот на крајот од трката.
Естебан Окон, Јуки Цунода и Џоу Гуанју го комплетираа списокот со освојувачи на поени.
Јуки Цунода имаше можност да забележи два поени, но казната од пет секунди, за исфрлање на Џоу надвор од патеката, го чинеше пласман на 12-то место.
МАКС ДОМИНИРАШЕ, МЕРЦЕДЕС АМГ СО ДВОЕН ПОДИУМ
6/04/2023 02:41:00 PM
0
Share to other apps