Пред почетокот на саботниот тренинг патеката беше опкружена со грмотевици, молњите блескаа на хоризонтот, но дождот не започна, патеката остана сува, и во првите минути возачите побрзаа на патеката за да имаат време да работат на гумите за суво.
Сепак, црвени знамиња се појавија пред да почне да врне. На истекот од 8-та минута од сесијата, Логан Сарџент помина поагресивно преку рабниците покрај последниот свиок и излета од патеката.
Неговиот болид помина низ чакалот и удри во заштитната бариера. Брзината во моментот на ударот беше релативно мала, возачот не беше повреден, но амортизацијата беше скршена, па Вилијамсот мораше да биде евакуиран.
Додека траеше паузата, на одредени делови од патеката почна да врне. На трибините се отворија чадори, а кога семафорот на излезот од пит-линијата стана зелен, никој не брзаше да ја напушти својата гаража.
Се очекуваше пороен дожд кој никогаш не започна да врне. Имаше премалку вода за интермедиа гуми, а никој не сакаше да ризикува со тие за суво време, неколку часа пред квалификациите.
Асфалтот во последните минути од сесијата беше доволно сув, па акцијата продолжи, но возачите беа премногу внимателни, па распоредот на забележаните времиња пред црвените знамиња остана непроменер.
Најбрз беше Макс Ферстапен, 0.25 делови од секундата пред тимскиот колега, Серџо Перез и 4 десетинки побрз од Луис Хамилтон на трето место на табелата.
Во Барселона, Гинтер Штајнер уште еднаш се врати на темата за недоследност во судиските одлуки, предизвикани од незадоволството од работата на стјуардите во Монако.
ФИА реши да не ги игнорира критиките, па денеска Штајнер беше повикан кај стјуардите на Шпанското ГП, поради сомневање дека го прекршил спортскиот кодекс на ФИА за време на прес-конференцијата одржана на 1 јуни 2023 година.
ДОЖДОТ ПРИСТИГНА НА КАТАЛУЊА
6/03/2023 12:12:00 PM
0
Share to other apps