Денеска тимот на Ферари го одржа вториот и последен дозволен т.н. филмски ден, работејќи со нови аеро делови на патеката во Фиорано.
Карлос Саинц Јр. утрото седна зад воланот на SF-23, а попладнето беше заменет со Чарлс Леклер.
Изненадување беше појавувањето на Ферари хиперавтомобилот 499P управуван од Алесандро Пјер Гуиди, победник на 24 часа Ле Ман.
Тифозите не можеа да пропуштат ваков настан, па околните патишта беа преполни.
Возачите тестираа ново предно крило и ревидиран под, слични по конфигурација на елементите на болидот на Ред Бул.
Шпанецот провери дали сите системи работат правилно и го испроба новото предно крило. Ферари значително го модифицираше овој дел од болидот, со спецификација послична на онаа на Ред Бул.
Моначанецот ги комплетираше дозволените 100км. со ново задно крило. Друга забележлива новина е подот,а модифицирани се и Вентури каналите кои се основата на Ф1 болидите од новата генарација.
Сите во Ферари беа задоволни од однесувањето на SF-23 во Канада, иако тимот не можеше да се избори за пласман на подиумот, по лошите квалификации што ги имаа во саботата. Сега се очекува потврда на тоа и на патеката Ред Бул Ринг.
Во Ферари се надеваат дека овие нови елементи ќе бидат користени овој викенд во Шпилберг. Податоци за работата на новите елементи во пракса не беа објавени, нити коментирани.
ФЕРАРИ КОМПЛЕТИРАШЕ ФИЛМСКИ ДЕН НА ФИОРАНО
6/27/2023 06:42:00 PM
0
Tags
Share to other apps