Макс Ферстапен го предводеше поредокот на првиот тренинг за 2023 Британското Гран При, додека Серџо Перез се погрижи за нов 1-2 пласман за Ред Бул, кој повторно започна моќно.
На изненадување на сите најблиску до нив беше Алекс Албон со болидот на Вилијамс. Фернандо Алонсо со Астон Мартин беше четврти, пред Чарлс Леклер.
Возачите на Мерцедес АМГ не сакаа да возат квалификациски кругови на црвените гуми. Сепак тренинг сесија е само тоа, тренинг.
Порелеватни резултати очекуваме на вториот тренинг кој започнува во 17:00 часот.
Болидите овој викенд ќе се натпреваруваат на легендарната патека Силверстоун, каде започна да тече историјата на модерната Формула 1. Патеката се смета како една од најбрзите, но не поради долги правци, туку поради изобилство на многу брзи свиоци.
Карактеристично за овој викенд, покрај многуте болиди во специјални "дресови", е дебито на новите пневматици на Пирели, со конструкција која првично беше планирана за следната сезона. Новиот дизајн не влијае на техничките параметри или карактеристики на пневматиците.
Тимовите не сакаа да губат време, па речиси сите возачи, освен Ботас, излегоа на патеката за да соберат што е можно повеќе податоци за однесувањето на гумите, како и новите елементи донесени за Британското Гран При.
Првично на белите гуми излегоа Алонсо, Перез, Расел, Пјастри, Хамилтон, Окон, Сарџент, Магнусен и Леклер, додека останатите на жолтите гуми. Валтери Ботас беше меѓу нив беше, кој излезе во акција околу 8 минути од почетокот на сесијата.
Првото извртување на патеката го имаше Ник де Врис во седмиот свиок, потоа Алекс Албон излета од патеката на излез од 15-от свиок, но без последици по болидити на АлфаТаури и Вилијамс.
На половина од сесијата одредени возачите започнаа да излегуваат на црвените гуми на Пирели, со што времињата започнаа да се намалуваат, што е логично кога имаме квалификациска симулација.
Први беа возачите на Ферари, а Саинц Јр. беше побрз од Леклер за 0.061 делови од секундата со време од 1:29.357. Потоа врвот му припадна на Естебан Окон, со 0.038 предност од Саинц Јр., но на Леклер не му се допадна тоа и следуваше побрз круг од Французинот, со предност од само 0.039 делови од секундата
Се очекуваше излегување на најмеките гуми на фаворитите! Серџо Перез во првиот брз круг забележа трето време, но Макс Ферстапен веднап го презеде врвот со четири десетинки предност пред Чарлс Леклер. Првиот возач под 1.29 на денешниот прв тренинг.
При вторите брзи круга, Макс уште побрз, а Серџо Перез се најде на второто место на тебелата, со заостанување од 0.448 делови од секундата зад својот тимски колега. Возачите на Мерцедес АМГ не излегоа на патеката на црвените гуми, па Хамилтон само на 12-то и Џорџ Расел на 14-то, но на жолтите гуми.
РЕД БУЛ ДОМИНАНТЕН, ВИЛИЈАМС НАЈБЛИСКУ ДО ШАМПИОНИТЕ
7/07/2023 01:20:00 PM
0
Share to other apps