На Макс Ферстапен му требаа само 17 кругови за да се искачи од шестата позиција на првото место на СПА-Франкоршамп.
Летечкиот холанѓанец уште еднаш ја покажа својата супериорност на Големата Награда на Белгија, забележувајќи ја својата 45-та Победа во Формула 1, 10-та за оваа сезона, 8-ма последователна.
Серџо Перез беше на ниво на својата задача и со второто место обезбеди двојна победа за тимот на Ред Бул.
Откако беше најавена казната од 5 стартни позиции за Ферстапен, сите се прашувавме колку време ќе му треба да стигне до првото место, а одговорот беше 17 круга.
Бранителот на титулата, со RB19 кој "лета" на овој тип на патеки, немаше расположен ривал и се искачи на врвот на подиумот со огромна супериорност и во однос на тимскиот колега, Серџо Перез.
Чарлс Леклер, кој статуваше од Пол позицијата, мораше да се задоволи со пласман на последното скалило на подиумот на патека каде што се чинеше невозможно да се победи Ред Бул.
Дополнително, Моначанецот мораше добро да се испоти за да го постигне тоа, бидејќи Луис Хамилтон за време на целата трка вршеше притисок зад Ферарито, но без поголем успех.
Карлос Саинц Јр. и Оскар Пјастри имаа дуел во првиот свиок, дојде до судир при кој двата болиди беа оштетени по што трката за нив беше уништена.
Луис Хамилтон откако увиде дека нема шанси да го престигне Ферарито пред себе, во претпоследниот круг се реши да влезе во бокс за да го нападне најбрзиот круг на трката. Со нов сет на жолтите пневматици тоа му успеа, па така заработи дополнителен поен.
Фернандо Алонсо, од своја страна, го задржа Расел зад себе за петтото место. Ландо Норис, со Мекларен подесен за влажна трка (при краткиот период на дожд беше за 2 секунди побрз од Макс, дури 5 во однос на некои останати возачи) на крајот заврши седми, пред Естебан Окон, Ленс Строл.
Јуки Цунода, по подолго време заврши 10-ти, забележувајќи еден поен за тимот на АлфаТаури, за разлика од новиот тимски колега, кој трката, за разлика од вчерашниот спринт, ја заврши во полош стил и од Ник де Врис.
ОСМА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА НА МАКС ФЕРСТАПЕН
7/30/2023 02:29:00 PM
0
Share to other apps