Макс Ферстапен повторно беше најбрз во Спринт Престрелката, но овој пат за првата позиција на Спринтот мораше да се "испоти" малку повеќе, бидејќи Оскар Пјастри заостана 11 илјадитинки, а Карлос Саинц Јр. 25 илјадитинки.
Временските услови беа слични на оние од вчерашните квалификации, иако асфалтот беше повлажен на почетокот, но малку по малку се исуши и во SQ3 акцијата се одвиваше на црвените гуми.
Во оваа ситуација, Макс Ферстапен последен го започна последниот брз круг, на само неколку секунди до крајот, и го забележа најбрзото време што му ја носи пол позицијата за попладневниот Спринт, кој е закажан за 16:30 часот по Македонско време.
Чарлс Леклер беше четврти, и доколку не направеше грешка во No name свиокот, можеби ќе стигнеше до првата позиција.
Следуваа Ландо Норис, пред Пјер Гасли, Луис Хамилтон. Британецот во првиот обид изненади победувајќи го Макс Ферстапен за 88 илјадитинки.
Серџо Перез смогна сили само за 8-та позиција, но како што најавија од Ред Бул, на нивните возачи им било кажано да не ризикуваат премногу, затоа потенцијалната штетата може да биде поголема од добивката, максимум 8 поени на спринтот.
Топ 10 поредокот го заокружија Естебан Окон и Џорџ Расел кој со вториот болид на Мерцедес АМГ и задно крило со поголема потисна сила, не може да конкурира на сува патека.
Неговиот и болидите на Мекларен се подесени за влажна патека, па на сув асфалт ќе бидат лесна мета на правците. Може да ги спаси само деградацијата на гумите на Пирели, која ќе биде во нивна корист.
Астон Мартин имаше неразбирлива стратегија во SQ2 сесијата. Фернандо Алонсо чекаше до последен момент да излезе на патеката и остана без време поради излетувањето на Ленс Строл, кој беше единствениот возач што монтираше жолти гуми. Покрај својот тимски колега ги остави без забележано време и возачите на Вилијамс.
Најновата вест што пристигнува од ФИА е дека стартот на Спринтот ќе биде одложен. Силниот дожд ги натера работниците на патеката Спа-Франкоршамп да се обидат да ја исчистат насобраната вода од асфалтот.
Доцнењето на спринт претрелката траеше 35 минути.
Портпаролот на ФИА објасни дека поради задолжителната пауза од четири и пол часа помеѓу Спринт Престрелката и Спринтот, втората денешна сесија мора да се помести за 17:05 часот за да им се овозможи на тимовите да се подготват за Спринтот од 15 круга.
МАКС И ОСКАР НА ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
7/29/2023 11:44:00 AM
0
Share to other apps