Летната пауза заврши, а Големата Награда на Холандија ја отвара втората половина од 2023 сезоната во Формула 1 од која остануваат уште десет трки.
Засега останува како што беше пред паузата, Макс Ферстапен го постави најбрзото време на првиот тренинг, понесен од домашната публика.
Шампионот беше за две, односно три десетинки побрз од Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон, единстевени возачи кои ги разделија болидите на Ред Бул со Серџо Перез на четвртото место.
На оваа прва сесија од викендот, Роберт Шварцман го возеше Ферарито на Карлос Саинц Јр. како дел од прописите, кои налагаат дека секој тим, на две тренинг сесии во текот на сезоната мора да обезбеди настап на млади возачи.
Прогнозата за сите три дена од холандскиот викенд ветуваше голема веројатност за дожд, но првиот тренинг се одржа на сув асфалт.
На почетокот на сесијата состојбата на патеката не беше многу добра, песокот од блиските песочни дини беше насекаде по асфалтот. Најпрвин повеќето од возачите излегоа на белите и жолти гуми, работејќи на основниот баланс на болидите, воедно пробувајќи ги новите елементи.
Во втората половина од сесијата се префрлија на црвените гуми, кога времињата започнаа значително да се подобруваат.
Цунода, Норис, Пјастри, Џоу и Строл не забележаа времиња во првиот половина час. Ленс се врати во својата гаража поради чудниот звук на Мерцедес ПЕ, каде неговите механичарите се обидуваа да го дијагностицираат проблемот. Сесијата за него беше завршена.
Како и секогаш, имаше некои мали грешки. Алонсо го пресече 12-от свиок, поминувајќи низ чакалот, ддоека во 42-та минута беа развеани црвените знамиња кога Нико Хулкенберг се изврте на излезот од 13-от свиок и заврши во заштитните бариери покрај патеката.
Тој само малку ја допре бариерата, но неговото ново предно крило беше оштетено, а тимот нема на располагање други за користење. Болидот на Хас беше отстранет, и пет минути подоцна, акцијата продолжи.
Минатата година, Џорџ Расел го имаше најбрзото време на првиот тренинг со време од 1:12.455. Оваа година резултатот на Макс Верстапен беше за шест десетинки. Времето беше облачно, со температура на воздухот од 20, асфалтот од 30 степени.
МАКС ФЕРСТАПЕН ОДЛИЧЕН ПРЕД ДОМАШНАТА ПУБЛИКА
8/25/2023 12:12:00 PM
0
Share to other apps