Во петокот, на вториот тренинг во Зандворт, Даниел Рикиардо имаше излетување, по што беше испратен во локалната болница на преглед, каде што лекарите утврдија дека има скршеница на дланката.
АлфаТаури соопшти дека нема да може да продолжи со своите должности и дека ќе биде заменет со Лиам Лосон, резервниот возач на Ред Бул, до крајот на викендот.
"По инцидентот на вториот тренинг во Зандворт, кога Даниел Рикиардо удри во заштитните бариери покрај третиот свиок, тој беше однесен во локалната болница на дополнително испитување."
"Рентгенот потврди дека има скршена коска на левата дланка и дека повредата ќе го спречи да продолжи со обврските, па Лиам Лосон, резервниот возач на тимот, ќе го замени до крајот на викендот."
"На Даниел му посакуваме брзо закрепнување. Дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе станат достапни."
Враќајќи се од болница со гипс на левата рака, Даниел Рикиардо зборуваше за околностите на петочната несреќа.
"Бев многу среќен што се вратив на тркањето по летната пауза. Денот се одвиваше добро. Пред вториот тренинг, направивме некои прилагодувања, а неколкуте кругови што ги извозев на белите гуми пред инциденот се покажаа добри, постепено додававме брзина."
"Се сеќавам дека влегов во третиот свиок и потоа го видов Пјастри, па потоа можев да удрам во него или во ѕидот. Кога удрив во ѕидот, немав време да ги тргнам рацете од воланот и добив удар во раката. Штета што се случи ова, но ќе се обидам да закрепнам што е можно побрзо."
"Очигледно, би сакал да се вратам наскоро, но важно е да се погрижиме да направиме се како што треба за да се вратам силен и конкурентен. Му посакувам се најдобро на тимот и уште еднаш се извинувам за промената во плановите. Лиам доби шанса да дебитира во Ф1 и му посакувам нему и на тимот одличен викенд."
ЛИАМ ЛОСОН ЌЕ ДЕБИТИРА ВО Ф1 ШАМПИОНАТОТ
8/26/2023 11:38:00 AM
0
Share to other apps