Пирели ги објави смешите кои ќе се користат за производство на пневматиците за Големата Награда на Холандија (25-27 август) и за Големата Награда на Италија (1-3 септември).
C1, C2 и C3 се избрани за Зандворт, како што беше случај и минатата година. Зандворт е една од најпребирливите патеки во годината за пневматиците, особено со двата свиоци, 3 и 14, кои имаат одредена косина.
Но, номинацијата е сосема идентична со 2022 година: овогодинешниот C1 е нова и помека смеша кое се наоѓа помеѓу C2 и претходниот C1 (кој сега е познат како C0).
На патеката Монца по втор пат ќе се користи новиот формат на алтернативна алокација на пневматици ( АТА - Alternative Tire Allocation), кој дебитираше на Хунгароринг пред летната пауза.
За "Храмот на брзината" се избрани трите најмеки смеши: C3, C4 и C5. Ова се еден чекор помеки смеши од минатогодишниот избор (C2, C3 и C4), кои, во комбинација со АТА форматот, може да понудат поширок опсег на опции од стратешка гледна точка.
Оваа година, бројот на смеши што Пирели може да ги номинира во текот на целата сезона се зголеми на шест бидејќи е создадена нова смеша во најтврдиот ранг. Тие се нумерирани од нула до пет, од најтврда до најмека, со буквата "C" што значи "смеша".
C0 - Минатогодишната C1 смеша станува C0 за 2023 година. Ова е најтврдата гума во гамата, која ќе биде номинирана за патеките што одземаат најмногу енергија од пневматиците. Дизајнирана е да обезбеди максимална отпорност на топлина и екстремни сили, способна да работи многу долго, но тоа доаѓа на сметка на перформансите.
C1 - Ова е новата смеша за 2023 година која по своите особини се наоѓа помеѓу C1 и C2 од минатата година. Таа беше создадена за да се намали разликата во перформансите помеѓу она што претходно беа двете најтврди смеши во опсегот.
C2 - Третата најтврда смеша останува многу погодна за побрзите, пожешките и поабразивните патеки. Поцврстите гуми понекогаш се номинирани за нови патеки, обезбедувајќи конзервативен избор, така што оптоварувањето на гумите може да се потврди во практични услови.
C3 - Оваа смеша е исклучително разноврсна и може да се користи како најтврда, мадиум или најмека гума од која било селекција од три номинирани смеши. Со одличен баланс помеѓу перформансите и издржливоста, таа е добро прилагодена на широк опсег на услови.
C4 - Оваа смеша е назначено да работи добро на патеки со ниска оптовареност на пневматиците, каде што е потребно доста брзо загревање за да се постигнат врвни перформанси што е можно поскоро. Оваа гума се користи многу во текот на целата сезона.
C5 - Ова е најмеката гума во гамата, дизајнирана за најбавните патеки со мало абење и деградација каде што е потребен максимален механичка зафат(грип) од гумата. Тие обично се гледаат на уличните патеки или каде што асфалтот е исклучително мазен.
ВЕСТИ И ИЗБОРИ НА ГУМИ ЗА ЗАНДВОРТ И МОНЦА
8/06/2023 11:38:00 AM
0
Share to other apps