Оскар Пјастри победи на спринтот во Катар, забележувајќи го неговото дебитантско прво место на спринт подиумот. Болидот на Мекларен им нуди добра прилика на двајцата нивни возачи да ја забележат дебитантската Победа во Формула 1.
Макс Ферстапен заврши втор, обезбедувајќи за третата последователна Шампионска Титула. Ландо Норис заврши на третото место.
Големата Награда на Катар е закажана за утре во 19:00 часот по Македонско време.
Со посебен интерес се чекаше саботниот спринт во Катар. Во историјата на врвниот мотоспортот се случувало судбината на шампионската титула да не се решава на трката, но овој пат таа се реши на саботниот спринт.
Овој формат беше критикуван од многумина, вклучувајќи го и Макс Ферстапен, кој требаше да заврши најмалку на шестото место за да ја обезбеди титулата.
За време на викендот имаше некои неочекувани проблеми со гумите, но тие не можеа да влијаат на краткиот спринт.
Резултатите од Спринт престрелката беа под влијание на други фактори, т.е. строгоста на стјуардите во однос на почитување на границите на патеката.
Речиси сите возачи имаа избришани еден или повеќе кругови, а како резултат на тоа, Оскар Пјастри и Ландо Норис, стартуваа од првиот ред, Ферстапен и Расел од вториот, Саинц Јр. и Леклер од третиот.
Спринтот е трка од 100 км., што на Лусаил патеката значеше 19 круга. Џорџ Расел, Саинц Јр., Леклер, Алонсо, Окон, Гасли и Строл започнаа со црвени гуми, а останатите стартуваа на жолтите.
Помеката смеша обезбеди предност на почетокот на трката, но брзо ја изгуби ефикасноста.
На стартот, Пјастри го задржа водството, Макс Ферстапен премногу резервиран па пропушти три болиди да го претекнат, додека Ландо Норис назадуваше уште повеќе.
Лиам Лосон изгуби контрола врз болидот на АлфаТаури, излета надвор и заглави во чакалот покрај патеката. Во третиот круг излезе безбедносното возило на патеката, а рестартот беше најавен веќе во следниот круг.
Џорџ Расел го претекна Пјастри за првото место, па поредокот на почетокот од 5-от круг беше: Расел, Пјастри, Саинц Jr., Леклер, Ферстапен, Норис, Окон, Алонсо, Хулкенберг, Гасли.
Само што беше рестартирана трката, Логан Сарџент излета во чакалот, по што следуваше ново излегување на безбедносното возило. Тркањето беше рестартирано во осмиот круг.
Џорџ Расел го задржа водството, а Карлос Саинц Јр. го нападна Оскар Пјастри за второто место, но Австралиецот успеа да се одбрани.
Возачите на црвените гуми започнаа да имаат проблеми, па во 9-от круг Ферстапен го престигна Леклер во борбата за четвртото место, а во 10-тиот круг го престигна Саинц Јр. искачувајќи се на третото место.
Напред Оскар Пјастри прелета покрај Мерцедесот на Џорџ Расел, за првото место во 11-от круг. Луис Хамилтон го претекна Пјер Гасли за осмото место.
Серџо Перез и Естебан Окон се обидоа истовремено да го престигнат Нико Хулкенберг, по што дојде до контакт помеѓу трите болиди, по што сите завршија во чакалот покрај патеката и испаднаа од понатамошната борба.
Следнуваше нов период на безбедносното возило. Откако неговиот тимски колега беше надвор од трката, Макс Ферстапен ја обезбеди шампионската титула.
Поредокот на почетокот од 14-от круг беше: Пјастри, Расел, Ферстапен, Саинц Јр., Норис, Леклер, Алонсо, Хамилтон, Гасли, Ботас.
Џорџ Расел побара да оди во бокс по нови гуми, но неговиот инженер му објасни дека тоа е невозможно ако сака да биде во пласман на бодови.
Тркањето беше рестартирано на почетокот од 16-от круг, со уште четири круга до целта. Оскар Пјастри го задржа водството, а Макс Ферстапен лесно го престигна Џорџ Расел за второто место.
Луис Хамилтон лесно ги реши возачите со црвени гуми, претекнувајќи ги Гасли, Алонсо и Леклер, искачувајќи се на шестото место.
Во 18-от круг, Ландо Норис го претекна Расел за третото место. Во последниот круг, Хамилтон го престигна Саинц Јр. и се искачи на петтото место.
ПЈАСТРИ ГО ОСВОИ СПРИНТОТ, МАКС ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
10/07/2023 07:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps