Возачите на Ферари изненадија со обезбедување на првиот стартен ред за Големата Награда на Мексико Сити.
Чарлс Леклер го забележа најбрзото време за негова 22-ра Пол позиција, додека Карлос Саинц Јр. беше втор.
Двајцата ги победија Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо, кој ja обезбеди изненадувачката четврта позиција, пред локалниот идол, Серџо Перез.
Викендот се чинеше дека оди кон апсолутна доминација на Макс Ферстапен, по поставување на најбрзите времиња на трите тренинг сесии, плус беше многу брз во Q1 и Q2.
Но, возачите на Ферари ги извадија "вреќите песок" дури во последниот сегмент и успаеја да го победат трикратниот шампион за влакно. Моначанецот беше само 67 илјадити делови од секундата пред Карлос Саинц Јр., и само 97 илјадити пред Макс Ферстапен.
Даниел Рикиардо заостана две десетинки. Спектакуларен круг за Австралиецот со болидот на АлфаТаури. Серџо Перез ја обезбеди петтата позиција, нешто повеќе од две десетинки од најбрзото време и направи голем чекор напред во споредба со минатите трки.
Возачите на Мерцедес АМГ не успеаја да влезат во топ 5 пласман, додека изненадување беше испаѓањето на Ландо норис во Q1. Фернандо Алонсо се изврте при неговиот последен обид во Q1, но успеа да се пласира во Q2 каде заврши на тринаесеттата позиција.
По квалификациите за Големата Награда на Мексико Сити, пет возачи веднаш беа повикани кај стјуардите.
Џорџ Расел, Макс Ферстапен и Фернандо Алонсо се повикани да објаснат зошто застанале на излезот од боксот и со тоа им пречеле на другите возачи.
Логан Сарџент беше повикан кај стјуардите за претекнување на Јуки Цунода на свиокот 3 под жолти знамиња.
Луис Хамилтон беше повикан кај стјуардите затоа што не забави доволно на свиокот 3 под жолти знамиња.
Покрај тоа, кај стјуардите се повикани и претставници на тимот на Вилијамс. Тие ќе треба да објаснат зошто механичарите ја оставиле опремата во боксот на такво место што ја допре Јуки Цунода кога ја напушти својата гаража.
ОДЛУКИ: Стјуардите на Големата Награда на Мексико Сити ги прегледаа постапките на Џорџ Расел, Макс Ферстапен и Фернандо Алонсо во квалификациите кога застанаа на излезот од боксот и не ги казни.
Возачите ги објаснија своите постапки велејќи дека сакале да направат разлика со болидот пред себе, но не можеле да го направат тоа директно на патеката, за да не прекршат уште едно барање, минималното време на круг.
Стјуардите се согласија дека е подобро да се создаде разлика со болидите напред со запирање на излезот од боксот отколку да се забави на патеката кога разликата во брзината помеѓу брз и бавен болид може да биде потенцијално опасна.
Освен тоа, не беше казнет и Луис Хамилтон, кој беше под истрага дека не ја намалил доволно брзината во 3-от свиок додека бил под жолти знамиња.
Откако ги испитаа околностите на инцидентот, стјуардите дојдоа до заклучок дека во моментот кога Луис возел низ третиот свиок, немало жолти знамиња на сигналните табли на патеката или на воланот на возачот.
Во исто време, возачот на Мерцедес АМГ го возеше тој мини сектор побавно отколку во претходниот брз круг, па всушност ја намалил брзината.
Возачот на Вилијамс, Логан Сарџент, беше казнет со губење на десет позиции на стартот на Големата Награда на Мексико Сити поради претекнувањето на Јуки Цунода под жолти знамиња.
Со оглед на тоа што Сарџент не забележа време во квалификациите, казната со губење места на стартот е прилично формална.
Дополнително, Логан доби два казнени поени, сега има шест во Ф1 лиценцаа.
Во посебна одлука, стјуардите му дозволија на Сарџент да стартува, земајќи ги предвид времињата што ги забележа возачот на тренинг сесиите.
ФЕРАРИ ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРВ СТАРТЕН РЕД ВО МЕКСИКО СИТИ
10/28/2023 10:27:00 PM
0
Share to other apps