По кратката источна турнеја во Сингапур, Јапонија и Катар, Формула 1 се сели на Запад.
Патеката на Америка (Circuit of the Americas-COTA) е првиот објект во САД наменски изграден за Формула 1 трки.
Херман Тилке дизајнираше ултра-модерен комплекс кој ги има обележјата на Тексас, но и копии на најпознатите свиоци од останатите Ф1 патеки.
Главни нејзини карактеристики се природните промени во елевацијата, вклучувајќи ја 40 метарската нагорнина кон првиот свиок (BIG RED) кој е главното обележје на патеката.
Потегот од третиот до деветиот свиок претставува низа од брзи свиоци кои потсетуваат на Maggots-Becketts-Chapel од Силверстоун или Esses во Сузука.
Втората половина од техничкиот дел na кругот, завршува со низа на бавни свиоци кои потсетуваат на Хокенхајм.
Големата Награда на Соединетите Држави е еден од најпосетените настани во Ф1 календарот со што Остин, полека станува нов дом за Формула 1 во САД.
Главна знаменитост во комплексот на оваа патека е 25-катната Кула за набљудување.
Во 2017 година беше одлучено квалификациите да се одложат за два часа поради концерт, но оттогаш тоа стана традиција, па така ова е еден од ретките настани кога квалификациите и трката започнуваат во разлика од два-три часа.
Една од очигледните слаби точки на патеката на Америка е нерамниот и абразивен асфалт. Карактеристиките на тлото се такви што е невозможно да се обезбеди нејзината долгорочна стабилност.
На некои места може да се издигне или да пропадне, што предизвикува појава на брановидни нерамнини на асфалтот.
Организаторите ја реасфалтираа патеката, зајакнувајќи некои области со бетонска основа, но признаа дека е невозможно целосно да се реши овој проблем.
И тоа може да биде критично за иднината на првиот вистински дом на Формула 1 во САД, како што рекоа пред дванаесет години.
Во Остин имаме невообичаено жешко време кое има големо влијание врз деградацијата на гумите на Пирели, особено на најбрзите црвени гуми кои се прегреваа, не обезбедувајќи го потребниот грип.
Со високите температури и високата абразивност на асфалтот на патеката на Америка, најверојатно не очекува трка со два пит-стопа.
Вистинската стратегија што секој возач ќе ја избере, исто така, очигледно ќе зависи од гумите што им преостануваат во нивните индивидуални распределби.
Најбрзата варијанта, на хартија, за Големата Награда на Америка која се состои од 56 круга, вклучува еден стинт на жолтите гуми и два на белите, или почетен и завршен стинт на жолтите, проследен со еден стин на белите Пирели пневматици.
Со оглед на високата деградација на црвените гуми тие нема да бидат земени во предвид од страна на тимовите и возачите. Освен во случај кога на крајот од трката би се атакувало на дополнителниот поен за најбрзиот круг.
Менаџирањето со абењето и деградацијата на жолтите гуми ќе биде од клучно значење. Сепак, според Пирели возможно е да видиме и стратегија со едно застанување во бокс, но таа е побавна и многу зависна од менаџирање на пневматиците.
Во петокот и саботата беше топло и суво во Остин, а истото важи и за денес.
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 14:00 часот по локално време, до кога воздухот ќе се загрее до 31 степени со сончево време и засилен југо-западен ветер со налети до 35км/ч.
Со Големата Награда на Америка започнува серија од четири трки на американскиот континент во Остин, Мексико Сити, Сао Пауло и Лас Вегас.
Првите три трки ќе се одржат без пауза, која ќе ја имаме пред новитетот за оваа година, Големата Награда на Лас Вегас, по што сезоната ќе заврши во Абу Даби.
Пет трки за шест недели, четири од нив на вечерен распоред за нас, две во Остин и Сао Пауло со саботен спринт. Календарот е исклучително стресен за сите поврзани со Формула 1, особено за вработените во тимовите и специјалистите за логистика.
Но, судбината на шампионските Титули кај возачите и конструкторите е веќе решена, што донекаде ја намалува тежината на проблемот. Сè уште има неколку битки за позиции во шампионатот и победи во преостанатите трки, што е исто така многу интересно.
Тимовите веќе се префрлија на подготовките за следната сезона, за оваа трка посериозна надградба на болидите донесоа инженерите на Хас, Мерцедес АМГ и Астон Мартин.
Првично, тие работат единствено на болидите на Мерецедс АМГ, нешто помалку кај Хас, додека инженерите на Астон Мартин имаат тотална "утка" со новите елементи на АМР23.
Возачите на Хас, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг, ќе стартуваат од пит-линијата на вечерашната трка. Саботната Пресметка и самиот Спринт покажале дека тимот очигледно направил грешка со поставките на болидот.
Како резултат на тоа, денес одлучија да ги сменат поставките, а за да се направи тоа, неопходно беше да се прекрши режимот "затворен паркинг", што се казнува со старт од пит-линијата.
И покрај изјавата на Гинтер Штајнер по спринтот дека новите елементи не функционираат, по анализа на податоците од телеметријата, инженерите на тимот веруваат дека се е до погрешните поставки на болидите. (Подобра опција за нив, но пред се за Ферари!!!)
По спринтот, не беше само Хас кој одлучи да ги промени поставките на болидот. Астон Мартин го следеше примерот.
Британскиот тим најави дека сите нови елементи ќе бидат отстранети од болидот на Фернандо Алонсо, па тој на трката ќе користи болид со претходната конфигурација од Катар.
Новите елементи ќе останат на болидот на Ленс Строл, но поставките ќе бидат променети. Астон Мартин сака да ги спореди податоците добиени од две различни конфигурации и да ја избере најефективната за претстојните трки.
За да се сменат поставките на болидите на Алонсо и Строл, тимот мораше да го прекрши режимот на "затворен паркинг", па Шпанецот и Канаѓанецот ќе ја започнат трката од пит-линијата.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА АМЕРИКАНСКОТО ГРАН ПРИ
10/22/2023 02:42:00 PM
0
Share to other apps