Макс Ферстапен оствари нова победа, денес за Големата Награда на Лас Вегас, но овој пат мораше да се испоти повеќе од нормалното за да го направи тоа.
Холанѓанецот, со вклучена казна од 5 секунди, но и среќна околност во излегување на безбедносното возило на средината на трката, успеа да ги победи Чарлс Леклер и Серџо Перез.
Ферари имаше исклучително брзо темпо на жолтите пневматици, но Лас Вегас беше упорно против Италијанскиот тим, па покрај шахтите и среќата им го сврте грбот.
Серџо Перез се врати на подиумот, но повторно губи позиција во последниот круг.
Инцидентите допринесоа да гледаме многу позабавна трка отколку што очекувавме на градската патека во Лас Вегас.
Ферстапен стартуваше добро и излезе целосно пред Леклер во внатрешноста на првиот свиок, но ги прецени сопирачките на својот Ред Бул и го принуди Леклер да излезе надвор од патеката.
Тоа му донесе казна од пет секунди и, да биде уште полошо по него, тој го немаше моќното тркачко темпо на РБ19, па кога сите очекуваа дека ќе се оддалечи далеку напред, Моначанецот успеа да држи чекор и го презеде водството во 16-от круг од трката, а жолтите пневматици на болидот на Ферари работеа одлично.
Сепак, излегувањето на безбедносното возило на средината на трката му ги "уништи" шансите со тоа што тој застана неколку круга порано.
Во втората половина од трката, Макс Ферстапен и Ред Бул имаа подобро тркачко темпо на белите пневматици и шампионот рутунирано и без проблеми мина прв низ целната линија, забележувајќи ја неговата 53-та Ф1 Победа, која што го израмни со Себастијан Ветел.
Чарлс Леклер од своја страна имаше убава борба со Перез и со претекнување во последниот круг го освои второто место. Мексиканецот веќе две трки губи позиција во последните моменти до целната линија, иако сега не толку блиску за фотофиниш.
Естебан Окон со Алпин беше еден од возачите на кои им се погоди излегувањето на безбедносното возило, па од П16 на стартот стигна до четвртото место, пред Ленс Строл кој ја имаше една од своите најдобри трки.
Карлос Саинц Јр. беше шести, со возачите на Мерцедес АМГ зад него. Фернандо Алонсо е на деветтото место, пред Оскар Пјастри кој го освои последниот, но и поенот за најбрз круг на трката.
МАКС ПОБЕДНИК, ЛАС ВЕГАС СО СИТЕ СИЛИ ПРОТИВ ФЕРАРИ
11/19/2023 01:21:00 AM
0
Share to other apps