Џорџ Расел од борба за подиумот на трката за Големата Награда на Лас Вегас падна на 8-мо место поради казната од пет секунди.
Возачот на Мерцедес АМГ имаше судир со Макс Ферстапен во 12-от свиок за што ја презема вината. Неговото разочарување доаѓа од фактот што денешната трка ја сумира приказната што го следи цела оваа сезона: "Пропуштена голема шанса..."
Џорџ Расел загуби чист подиум во Сингапур во последниот круг, кога се обиде да го претекне Ландо Норис за подоцна да се бори за водство со Карлос Саинc Јр..
Денес, во Лас Вегас, ситуацијата не беше иста, но беше слична. Со преостаната една третина од трката, Британецот имаше контакт со Ред Булот на Ферстапен, судир по кој лесно можеше да биде крај на трката за двајцата нив.
ФИА утврди дека вината во тој инцидент е на Џорџ. Тоа го признава и самиот Расел кој вели дека го имал Макс во слепа точка и затоа не можел да го избегне судирот.
"Подоцна следуваше долгиот правец... Свиокот беше негов, но и да ме претекнеше, лесно ќе ја вратев позицијата со ДРС-системот. Тоа е еден од оние свиоци каде што немате прегледност штом започнете да сопирате."
"Не можете да гледате во свиокот и да гледате во ретровизорите во исто време, така што судирот беше целосно моја вина. Не го очекував и уште еднаш, по кој знае кој пат, ја платив цената."
Во споредба со својот тимски колега, Џорџ Расел изгуби многу поени, кој беше во можност подобро да ги искористи можностите за пласман на подиумот или резултатите во Топ 5.
Така, Британецот верува дека денешната трка во Лас Вегас ја сумира неговата тековна сезона - Уште една можност за пласман на подиумот, изгубена во неочекувани назадувања.
"Тоа ја сумира приказната за мојата сезона: Пропуштена голема шанса... Повторно беше во прашање многу лесен подиум. Да не беше оваа ситуација мислам дека ќе завршевме на третото место. Прилично сум деморализиран и разочаран од тоа како сето тоа заврши."
ЏОРЏ РАСЕЛ: ВИНОВЕН СУМ ЗА СУДИРОТ СО МАКС
11/19/2023 12:59:00 PM
0
Share to other apps