Можноста за организирање на алтернативeн шампионат, независен од ФИА, се дискутираше пред петнаесет години, и сега повторно е на дневен ред.
Како и тогаш, се работи за конфликтот со претседателот на ФИА. Тогаш тоа беше Макс Мозли, сега е Мохамед Бен Сулејем.
Формула 1 потпишува договори со патеки, спроведува телевизиски преноси, продава рекламирање, го организира транспортот на тимовите, обезбедувајќи ја целата инфраструктура за трките.
ФИА ја издава само лиценцата, обезбедува стјуарди и временска прогноза.
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, во февруари изјави дека се повлекува од директното учество во Формула 1, потег што уследи по низа конфликти откако тој ја презеде функцијата во декември 2021 година.
Според BBC Sport, тимовите се загрижени за неговото директно влијание во Формула 1, што, според раководството на шампионатот, е штетно за спортот.
Конкретно, голем број инциденти што се случија во последните месеци имаат директна врска со Сулејем.
Вклучувајќи ја повторната истрага на Луис Хамилтон за минување на патеката на Големата Награда на Катар, повикување на Тото Волф и Фред Васер кај стјуардите за нивните остри забелешки за време на прес-конференцијата во Лас Вегас.
Бен Сулејем сака тимовите да играат според неговите правила, тимовите не го сакаат тоа. Тој ја одобри апликацијата на Андрети, тимовите се спротивставија.
Тврдењата на ФИА против Тото и Сузи Волф се исто така поврзани со истиот конфликт. Едноставно вонсезоната по се изгледа нема да биде досадна.
ФОРМУЛА 1 МОЖЕ ДА ЈА НАПУШТИ ФИА
12/06/2023 09:05:00 PM
0
Share to other apps