Тимот на Мекларен не сакаше да ја чека официјалната презентација на својот нов болид, која ќе биде на 14 Февруари, па денеска преку социјалните мрежи го презентираше неговиот нов "дрес" за 2024 сезоната.
Тој претставува продолжување на дизајнот од 2023 година, каде папаја портокаловата боја на Мекларен и црна антрацит се доминантните бои, со вградени хромирани детали, како што е бројот на возачите, кој ќе се појавува во сребрена боја во чест на еден од спонзорите - COOGLE CHROME.
Во новата Ф1 сезона, Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе го возат Мекларен - MCL38.
Минатата година, болидот на тимот беше именуван MCL60 во чест на 60-годишнината од основањето на Мекларен. Сега британскиот тим се врати на традиционалното нумерирање.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен: "Среќни сме што можеме да го претставиме обојувањето на болидот за 2024 сезоната. Изгледа неверојатно и едвај чекам да го видам оживувањето на нашиот нов болид на тркачките патеки."
"Почетокот на 2023 сезоната не испадна како што сакавме, но Андреа Стела и неговиот тим направија одлична работа со реструктуирање на тимот. Напорната работа продолжува и сакаме моќно да го започнеме новиот шампионат."
"Уверен сум дека Ландо и Оскар, нашата одлична возачка постава, ќе продолжат да создаваат моменти за паметење како што направија во втората половина од минатата сезона, која тимот ја заврши на четвртото место во шампионатот за конструктори со 302 поени."
"Продолжуваме да одиме напред во нашата мисија да се вратиме на првото место. Со нетрпение очекуваме да ги оствариме нашите амбиции. Нашите партнери и прекрасните фанови ќе играат интегрална улога во оваа сезона. Ние сме благодарни за нивната континуирана поддршка и знаеме дека и тие ја споделуваат нашата страст за успех."
2024 година е клучна сезона за тимот од Вокинг. Тимот сака да го потврди чекорот напред направен во текот на 2023 година и, за таа цел, тие се засилуваат со новите членови како Роб Маршал(од Ред Бул) и Дејвид Санчез (Ферари).
Андреа Стела, тимски шеф: "По напорната, но продуктивна вонсезона, подготвени сме за 2024 година и натамошното патување за да се вратиме на првите позиции на табелите. Изминатава година, тимот постави силна основа преку напорна работа, одлучност, труд и талент."
"Со нашата нова надградена инфраструктура и новиот персонал, ќе продолжиме да ги подигаме стандардите и да даваме високи перформанси во сè што правиме. Перспективите за 2024 година изгледаат одлично и едвај чекам да ги видам нашите неверојатни возачи Ландо и Оскар како го возат MCL38 на патеката следниот месец."
Ландо Норис: "Со нетрпение ја очекувам новата сезона, моја шеста во Формула 1. Се надевам дека ќе го одржиме моментумот што тимот го стекна на крајот од минатата сезона."
"Новото обојување, кое вклучува некои од минатогодишните подобрувања, изгледа одлично. Сигурен сум дека фановите ќе го сакаат исто како и јас."
"Сите во базата работат напорно оваа вонсезона. Едвај чекам да седнам зад воланот на болидот од 2024 година и да ги предизвикам моите ривали за првото место."
Оскар Пјастри: "Обојувањето на болидот за 2024 година изгледа кул и со нетрпение очекувам да ја започнам мојата втора сезона во иконските бои на Мекларен. Мојата дебитантска сезона ме остави со прекрасни спомени, вклучувајќи два пласмани на подиумот и победа во спринт."
"Продолжувам да работам напорно со тимот за да ги одржиме нашите добри резултати уште од почетокот на новата сезона, да се натпреварувам со нашите противници и да им пружам на фановите моменти за паметење."
СИТЕ ДЕТАЛИ: ПРЕЗЕНТИРАНИ 2024 БОИТЕ НА МЕКЛАРЕН MCL38
1/16/2024 09:11:00 PM
0
Share to other apps