Во Бахреин денес започна претсезонската тест сесија и ќе трае само три дена. Многумина не се задоволни од ова, но времетраењето на тестовите е договорено од тимовите во рамките на финансиските регулативи.
Во тестовите учествуваат сите десет тима, секој може да користи само еден болид, на кој возачите ќе работат наизменично. Секој ден, денот започнува во 10:00 часот по локално време, 08:00 по македонско.
Претпладневната сесија ќе трае четири часа, од 08:00 до 12:00 часот, потоа ќе имаме еден час пауза за ручек и прес-конференции, а попладневниот дел започнува од 13:00 до 17:00 часот.
Првите часови на тест сесиите се секогаш возбудливи за тимовите и фановите. Сите сакаме да ги видиме новите болиди во акција и дали нешто ќе се промени во односот на силите.
Регулативите речиси и не се сменија, со оглед на финансиските ограничувања, многу малку тимови решија сериозно да ги редизајнираат болидите, но лидерите завршија сериозна работа.
Во првиот час, тимовите традиционално работеа со аеродинамичните сензори, возејќи кругови со фиксна брзина за да ја проценат корелацијата на податоците, споредувајќи ги резултатите на патеката со добиените во тимските симулатори и CFD програми.
Седницата помина без поголеми проблеми, само болидот на Вилијамс имаше одредени технички проблеми. Алекс Албон за малку ќе го предизвикаше првото црвено знаме на денот, кога го паркираше болидот во безбедносната зона покрај првиот свиок. Хас имаше проблеми со системот за гориво, што го спречи да комплетира повеќе кругови.
Се уште никој не работи на брзина, резултатите се далеку од минатогодишните, а поминатото растојание е задоволувачко за сите тимови.
МАКС ФЕРСТАПЕН И РЕД БУЛ НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА
2/21/2024 12:21:00 PM
0
Share to other apps