Почнувајќи од оваа среда, до петок, десетте екипи на гридот ќе се вратат на вистинската акција на патеката во склоп на претсезонската тест сесија во Бахреин.
Сите ги презентираа новите болиди, плус имаа шанса да комплетираат одреден број на кругови, во склоп на филмските денови.
Најзабележително беше што речиси сите дизајнери како идеја за 2024 година, со уште две години со прописите кои влегоа во сила 2022 година и кои радикално ќе се променат во 2026 година, имаа за цел да се доближат до концептот на Ред Бул.
Тимот од Милтон Кејнс го имаше најдоминантниот болид во историјата на Формула 1, со 21 од 22 можни победи во 2023 сезоната. Макс Ферстапен ја освои титулата, со повеќе од половина поени предност пред второпласираниот возач, неговиот тимски колега, и стана рекордер во повеќе категории.
Така, останатите тимови знаат дека не може да постигнат слични резултати, туку што повеќе да ги комплицираат работите за актуелните шампиони.
Мисија која започнува со претсезонската тест сесија, каде што секој ќе ги стави своите карти на маса, иако можеби за да ги откријат сите свои тајни ќе сакаат да почекаат уште една недела, кога ќе се одржи Големата Награда на Бахреин.
Какви "тајни" чуваат тимовите за 2024 година? Рано е да се знае, но оваа сесија ќе биде првиот тест пред да започне вистинската битка на патеката.
Она што е сигурно е дека гридот ќе биде потполно ист како минатата година, со истите возачи и тимови, но со две промени на имињата: Стејк или Кик (т.е. Заубер) наместо Алфа Ромео и РБ (Торо Росо) за АлфаТаури.
Додека сите го копираа РБ19, од тимот на Ред Бул го приредија првото изненадување. На презентацијата на РБ20, која беше последна, тие покажаа поагресивен дизајн, како што го дефинираа самите возачи.
Концептот со минимални странични отвори за ладење, кој Мерцедес АМГ се обиде да го популаризира без успех во последните две сезони, може да биде патот по кој сега ќе оди актуелниот шампионски тим, најавен за целосно деби за време на Големата Награда на Јапонија (четврта трка сезонава).
На тест сесијата, сепак, ќе се види настапот на оваа промена во концептот, со првите времиња на Ферстапен и Перез на патеката, иако тие се главните фаворити не само за деновите во Бахреин, туку и воопшто за шампионските титули во 2024 година.
Сето тоа е зачинето со интерната истрага која се води за нивниот тимски шеф, Кристијан Хорнер, за несоодветно однесување кон членка на тимот. Сите посакуваат брза завршница, која може да се случи во следните неколку дена.
Астон Мартин и Мекларен во изјавите се насочени кон меѓусебна борба и што повеќе пласмани на победничкиот подиум, барем таква е надежта што ја имаат за 2024 година.
Двата тима пристигнуваат со одредени изненадувања на претсезонската тест сесија. Тимот на Фернандо Алонсо ги претстави најмалите странични отвори за ладење, што треба да ги подобри аеродинамичните перформанси на AMR24, кој беше претставен со заматен дел на дифузерот, нешто што дополнително ќе доведе до очекување за откривање на што повеќе карти по првите комплетирани кругови во Бахреин.
Што се однесува до Мекларен, како и со Астон Мартин или Ред Бул, се чини дека невестуваат многу тајни. Во сите изјави имаше индиции дека да се стигне тимот на Ред Бул не е невозможна мисија.
Засега најголемата новина е предното крило на Мерцедес АМГ, кое делува дека може да се искористи како одлично оружје во борбата за приближување до Ред Бул. Сепак предните крила се едни од најлесните елементи за копирање од останатите тимови.
Тест сесијата ќе ни навести дали има шанси да им се одземат шампионските титули на Ред Бул или пак тие повторно ќе прошетаа слободно низ новиот шампионат.
Заминувањето на Луис Хамилтон на крајот на оваа година беше вест на сезоната. Фокусот ќе биде и на однесувањето на Мерцедес АМГ со Британецот, кој постепено во текот на сезоната ќе мора да биде дистанциран од одлуките на тимот за наредните години.
Тешко е да се процени Ферари, нема ништо посебно што "боде очи" на овој болид. Во Ферари се секогаш оптимисти и се надеваат дека SF-24, ќе биде помеѓу шест и осум десетинки побрз од минатогодишниот нивни адут. Тестовите ќе бидат важен момент за проверка на перформансите на болидот во споредба со остатокот од гридот.
ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ТЕСТИРАЊЕТО ВО БАХРЕИН
2/20/2024 11:39:00 PM
0
Share to other apps