Чарлс Леклер заврши на второто место, обезбедувајќи ја 86-тата двојна Победа на Ферари и втора од ова дуо на возачи. Ландо Норис е заслужен за првиот подиум на Мекларен за оваа сезона.
Шпанецот имаше маестрална трка за Големата Награда на Австралија, во вториот круг го презеде водството претекнувајќи го Холанѓанецот и на крај стигна до третата негова победа во Формула 1, и тоа само 15 дена откако беше подложен на операција за отстранување на слепото црево.
Чарлс Леклер и Ландо Норис го комплетираа победничкиот подиум, а покрај Макс, трката не ја завршија и двата болиди на Мерцедес АМГ. Во болидот на Луис Хамилтон откажа Мерцедес ПЕ, додека Џорџ Расел заврши во бариерите во претпоследниот круг од трката, во моменти на битка за шестото место со Фернандо Алонсо.
Со завршувањето на
За две недели борбата продолжува на патеката Сузука, со трката за Големата Награда на Јапонија!
Шпанецот во болидот на Астон Мартин е под истрага на стјуардите за неправилно однесување при сопирање, т.н. Brake Testing, па во најскоро време очекуваме промена или потврда на постигнатите резултати. (Казна за Алонсо, поминување низ пит-линијата, т.е. после трката додадени 20 сек. на неговото време.)
Карлос Саинц Јр. беше опериран на 8 Март од воспаление на слепото црево и неговото учество на трката за Големата Награда на Австралија беше доведено во прашање, но не само што се качи на својот SF24 во петокот, туку денес тој успеа да се искачи и на највисокото скалило на победничкиот подиум.
Трка без грешки за него, од самиот старт можеше да го нападне Ферстапен и го искористи чудниот проблем на РБ20. Откако Холанѓанецот беше надвор од конкуренција, Карлос имаше доминантен настап и неговата победа никогаш не беше доведена во прашање.
Едноставно, неговото темпо беше недостижно за останатите, па дури и си дозволи луксуз да ги прави своите пит-стопови кога сака, благодарение на претходно направената предност.
Оскар Пјастри заврши четврти, а Серџо Перез петти. Фернандо Алонсо, кој го искористи виртуелното безбедносно возило, поради дефектот на Луис Хамилтон, финишираше на шестото место по тешка борба со Џорџ Расел кој имаше излетување во претпоследниот круг.
Ленс Строл, Јуки Цунода и возачите на Хас го комплетираа списокот со освојувачи на поени.
На стартот, Ферстапен го задржа водството по првиот свиок, но веќе во вториот круг беше претекнат од Карлос Саинц Јр.. Првичниот поредок беше: Саинц Јр. - Ферстапен - Норис - Леклер - Пјастри - Расел - Перез - Строл - Цунода - Хамилтон.
На почетокот од четвртиот круг од задниот десен дел на болидот на Холанѓанецот започна да излегува чад, по што Макс мораше да намали и полека да се упати кон својата гаража.
Проблем беше десната задна сопирачка, која била блокирана од самиот старт на трката, па во Ред Бул беа принудени да го повлечат од понатамошно учество на Австралиското Гран При.
Деградацијата беше значителна, па веќе во 6-от круг започнаа влегувањата во бокс за промена на гуми, со влегувањето на домашниот миленик на фановите, Даниел Рикиардо со болидот на Торо Росо.
Меѓу првите што менуваа гуми беа и возачите на Мерцедес АМГ, Хамилтон во 8-от, Расел во 9-от. Менуваше и Валтери Ботас, а проблемите во боксот на Саубер продолжија и на оваа трка.
Од водечките Чарлс Леклер влезе по нови гуми во 10-от круг, потег следен од Оскар Пјастри со Мекларен. Во 14-от круг, Норис и Перез менуваа гуми, додека Саинц беше последен и влезе во бокс дури во 17-от круг. Добра "потрошувачка" на гумите од страна на болидот на Ферари.
Само што Карлос излезе на патеката, погонската единица во болидот на Хамилтон започна да ја губи моќноста. Британецот не можеше да дојде до својата гаража и мораше да се паркира покрај патеката во завршнит трет сектор. Беше воведен режим на виртуелно безбедносно возило.
Тоа го искористија Алонсо, Хулкенберг и Гасли да ги сменат своите гумите. Трката беше рестартирана веќе во следниот круг, апоредокот беше: Саинц Јр., Леклерк, Пјастри, Норис, Алонсо, Расел, Перез, Строл, Цунода, Албон.
Во 21-от круг, Перез го помина Расел за шестото место. Во 24-от круг, Магнусен на барање на тимот го пушти Хулкенберг да го претекне за Нико на помеки гуми да се обиде да го нападне Албон.
Во 27-от круг, Перез го престигна Алонсо за петтото место. Тимски наредби имаше и во Мекларен, кога во 29-от круг тимот побара од Пјастри да го пушти Норис да помине пред него.
Во 30-от круг започна втората серија не влегувања во бокс, која заврши во 47-от круг со Џорџ Расел, а кога Британецот излезе на патеката поредокот беше: Саинц Јр., Леклер, Норис, Пјастри, Перез, Алонсо, Расел, Строл, Цунода, Хулкенберг.
Во последните кругови Расел изврши притисок врз Алонсо за шестото место, но Шпанецот остана напред. Два круга пред финишот, Саинц Јр. се пожали на сериозно абење на гумите, Леклер брзо ја намалуваше разликата.
Во претпоследниот круг Џорџ Расел во битката со Алонсо изгуби контрола врз болидот, удри во заштитните бариери и заврши уништен на средината на патеката.
За последниот круг беше воведен режим на виртуелно безбедносно возило, по што трката заврши. На сниките се доби впечаток дека Алонсо забави повеќе од вообичаено додека тие влегуваа во свиокот пред двете ДРС зони. Стјуардите го разгледуваат инцидентот.