Tимот на Ферари издаде итно соопштение за здравјето на Карлос Саинц Јр. во кое се вели дека на шпанецот му е дијагностицирано воспаление на слепото црево и му е потребна операција.
Како резултат на тоа, Карлос Саинц Јр. ќе ги пропушти преостанатите сесии од тркачкиот викенд во Џеда. Наместо него, резервниот возач на Ферари, Оливер Берман, ќе го вози SF-24.
За 18-годишниот Британец ова ќе биде дебитантска настап во Формула 1. Ферари му посакува брзо закрепнување на Карлос и враќање на патеките.
Поради ваквиот развој на настаните, Берман нема да продолжи со учество во останатите сесии од Формула 2 шампионатот каде вчера ја освои Пол позицијата.
Во тимот на Према, за кој Берман се натпреварува во Формула 2, се вознемирени поради ваквиот развој на настаните, бидејќи во Џеда ќе мора да возат само со еден болид, но, од друга страна, тие се искрено среќни за нивниот возач.
"Оли, ова е можност да се докажеш!" - овој коментар се појави на нивните страници на социјалните мрежи. "Иако е штета што ќе треба да го повлечеме болидот со бр. 3, кој требаше да стартува од пол-позицијата во Џеда, среќни сме што сме сведоци на дебито на Оли во Формула 1 во Ферари!"
Оливер Берман ќе стане најмладиот возач кој возел Ферари на трка во Формула 1, со што ќе го собори претходниот рекорд кој го држеше Рикардо Родригез. Мексиканецот го имаше своето деби во Формула 1 возејќи Ферари во Монца во 1961 година на 19-годишна возраст.
ОЛИ ДЕБИТАНТ И НАЈМЛАД ВОЗАЧ НА ФЕРАРИ
3/08/2024 01:35:00 PM
0
Share to other apps