Макс Ферстапен беше најбрзиот возач на квалификациите за Големата Награда на Саудиска Арабија и ја забележа неговата 34-та Пол позиција во Формула 1, прва на градската патека во Џеда.
Чарлс Леклер и Серџо Перез во овој случај заостанаа три десетинки, а четврти беше Фернандо Алонсо, само 55 илјадитинки зад П2!
Гледавме интересна борба, се додека Ферстапен не извади неверојатен круг од 1:27.472 при првиот обид во Q3. Всушност, неговиот круг беше толку добар што дури и не требаше да се подобри во последниот обид да ја обезбеди првата позиција.
Леклер, Перез и Алонсо се обидоа да го победат, но беа немоќни... Моначанецот извозе одличен втор брз круг и беше втор, Мексиканецот остана во негова близина, но недоволно за пласман на првиот стартен ред.
На вториот друштво ќе му прави Фернандо Алонсо, кој со својот Астон Мартин го обезбеди четвртото најбрзо време.
Веднаш зад шпанецот ќе се подредат возачите на Мекларен, па Мерцедес АМГ. Следуваат Јуки Цунода и Ленс Строл, кој заостана седум десетинки зад својот тимски колега.
Да потсетиме дека Карлос Саинц Јр. не можеше да се натпреварува во остатокот од викендот, поради воспалено слепо црево, а на негово место беше Оливер Берман, кој беше единаесетти.
ЛЕТЕЧКИОТ ХОЛАНЃАНЕЦ СО ПРВА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО ЏЕДА
3/08/2024 05:40:00 PM
0
Share to other apps