Макс Ферстапен и Ред Бул со уште една доминантва претстава, овој пат на квалификациите за Големата Награда на Јапонија, кои се одржаа на патеката во Сузука.
Холанѓанецот беше најбрз, забележувајќи ја петтата последователна Пол позиција, негова 36-та во Формула 1 шампионатот. Серџо Перез заостана само 66 илјадитинки за обезбедување на првиот стартен ред за тимот на Ред Бул.
Ландо Норис беше трет најбрз, заостанувајќи три десетинки а топ 5 пласманот го комплетираа Карлос Саинц Јр. и Фернандо Алонсо, кои беа разделени само четири илјадитинки. Битката помеѓу двајцата шпанци беше возбудлива, а нивните колеги не можеа да ги следат.
Чарлс Леклер беше осми, а Ленс Строл падна во Q1. Треба да се напомене дека најбрзите осум возачи беа распоредени во нешто повеќе од половина секунда.
Оскар Пјастри беше шести, Луис Хамилтон, седми и Чарлс Леклер на осмата позиција останаа многу блиску до четвртото место, додека Џорџ Расел и Јуки Цунода ги комплетираа топ 10 пласманот.
Во 2024 година, Јапонското ГП беше поместено во пролет, па тимовите се вратија во Сузука по изминати само шест месеци по последната трка.
Патеката, дизајнирана како полигон за тестирање на Хонда, ги вклучува сите видови кривини и е напорна за болидите, што овозможи да се проценат промените во односот на силите што се случија за толку краток временски период.
Сузука има уникатна атмосфера, тоа е ретко место каде што фановите ги поддржуваат апсолутно сите возачи, а по финишот остануваат на трибините да ја следат репризата на трката.
Добро познатите и кај нас јапонски цреши беа во нивниот полн сјај за дополнителен декор на патеката, што фотографите активно го искористија.
Како и во 2023 година, Макс Ферстапен беше во водство на тренинзите. Тој го забележа најбрзото време во петокот, а го предводеше саботниот тренинг.
Во Вилијамс, Логан Сарџент во петокот на првиот тренинг го оштети својот болид кој ја користеше поправената шасија, што Алекс Албон ја "уништи" пред две недели во Мелбурн.
Овој пат шасијата не беше оштетена, но механичарите имаа полни раце работа за поправка. Пирели традиционално ги донесе најтврдите смеши C1, C2 и C3 во улогите на бели, жолти и црвени гуми. За време на квалификациите сите користеа само црвените.
Во Q1 сесија, возачите не брзаа да излезат на патеката, сакајќи да заштедат гуми. Прв што стапи во акција, по изминати 5 минути, беше Кевин Магнусен, а потоа следуваа и останатите.
Излегувајќи од боксот, Џорџ Расел за малку ќе удреше во болидот на Пјастри кој минуваше низ пит-линијата. Австралиецот мораше да ја намали брзината за да избегне судир.
Стјуардите го разгледаат инцидентот по што тимот на Мерцедес АМГ беше казнет со 5000 евра, но Расел помина без казна.
Макс Ферстапен беше сигурен, го забележа најбрзото време, а крај на квалификациире беше за Ленс Строл, Пјер Гасли, Кевин Магнусен, Логан Сарџент и Џоу Гуанју.
Во Q2 сесијата, Албон го пропушти првиот обид, додека сите останатите возачи излегоа на патеката. Ферстапен веднаш го имаше најдоброто време. Хулкенберг го имаше првото избришано време поради излегување надвор од границите на патеката.
Времето на Ферстапен остана најдобро. Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Валтери Ботас, Алекс Албон и Естебан Окон не се пласираа во финалниот сегмент.
За Q3 сесијата единствените возачи кои немаа два нови комплети црвени гуми беа Јуки Цунода и Чарлс Леклер. Јапонецот првиот обид го имаше со користени гуми, а Моначанецот претпочиташе да чека во својата гаража.
По првите брзи круга, Макс Ферстапен го намали најбрзото време на импресивни 1:28.240, а Серџо Перез заостана три десетинки, но Ландо Норис забележа време 1:28.489 за да се "пикне" меѓу нив.
Карлос Саинц Јр. беше четврти, пред Пјастри и Хамилтон.
Чарлс Леклер беше првиот што ја започна втората серија на брзи кругови, имајќи изменета стратегија со чиста патека само за себе, забележувајќи 1:28.786 што му овозможи привремено да биде седми.
Макс Ферстапен во последниот обид беше минимално побрз од своето претходно време, додека Серџо Перез забележа значително побрзо време за обезбедување на првиот стартен ред.
Ландо Норис, падна на третата позиција со своето претходно време.
Борбата за четвртата позиција беше многу блиска, а Карлос Саинц Јр. беше само 0.004 делови од секундата побрз од Фернандо Алонсо. Топ 10 пласманот го комплетираа Пјастри, Хамилтон, Леклер, Расел и Цунода.
На вториот тренинг, најважен на патеката во Сузука, тимовите не можеа целосно да работат поради дождот, па саботниот тренинг беше искористен за што подобро сетирање на болидот. Секој тим решаваше на што да даде предност тркачко темпо или блесок на квалификациите.
Вилијамс успеа да го поправи болидот на Логан Сарџент по вчерашната несреќа, поставувајќи делови со различни спецификации, т.е. тие што ги имаа на залиха.
Сесијата помина без проблеми. Најбрзото време го забележа Макс Ферстапен.
МАКС ФЕРСТАПЕН СО ПЕТТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОЛ ПОЗИЦИЈА
4/06/2024 12:33:00 AM
0
Share to other apps