Чарлс Леклер повторно беше најбрзиот возач и на вториот тренинг во Имола, додека надградениот SF-24 работи навистина добро на патеката Енцо и Дино Ферари.
Карлос Саинц Јр. не можеше да го следи темпото на својот тимски колега и го имаше само шестото најбрзо време.
Оскар Пјастри вели дека не може да се отпише нити Мекларен од борбата за врвот, додека Јуки Цунода е возачот на денот со трето најбрзо време за РБ.
Секој круг вредеше злато за да се продолжи со "разбирањето" на надградените болиди.
Како што веќе споменавме, ова е викенд со многу надградби за речиси секој тим, освен РБ кој не пријави ништо и Мекларен кој ги воведе истите на минатата трка во Мајами.
Најзабележително на почетокот на тренингот беше тоа што ниту еден од двајцата возачи на Вилијамс не можеше да излезе на патеката. Тимот од Гроув изгуби најмногу минути на тестирање во досегашниот тек од сезоната.
Акцијата во првата третина од сесијата започна на жолти и бели гуми. Чарлс Леклер го имаше најбрзото време, три илјадитинки побрзо од Саинц Јр..
Двата болиди на Мерцедес АМГ, Алпин и Оскар Пјастри беа петте возачи кои се решија за тест на белите гуми, но поминаа незабележително, без некои значајни времиња.
Најважно беше да се акумулира километража и да се добие максимално можно количество податоци за анализирање и на тој начин да се утврди финалното подесување на болидот пред последната тренинг сесија.
Во втората третина од сесијата следуваа квалификациски кругови. Иако Пирели ги донесе најмеките смеши за Имола, но црвените гуми беа во можност да издржат два брзи круга. Повеќето возачи дури и се подобрија при нивниот последен обид.
Референцата беше Леклер, со скоро осум десетинки побрзо време од тоа на жолтите пневматици.
Со Ферари на врвот на табелата, Ред Бул се уште не можеше да го најде својот ритам. Ферстапен имаше потешкотии со грипот на првиот тренинг, а проблемите продолжија и на втората сесија. Денес беа половина секунда побавни од најбрзото време.
Четири различни тимови завршија на првите пет места, со само двата болиди на Мерцедес АМГ во овој Топ 5 пласман. Хамилтон беше четврти, а Џорџ Расел петти.
Токму пред нив, заврши Јуки Цунода со болидот на РБ, едно од изненадувањата на денот. Јапонецот беше трет. Пјастри изненади со второто место, додека неговиот тимски колега, Ландо Норис, беше еден од оние кои најмногу ги криеја своите можности.
Младиот Британец засега не сакаше да ги покажува своите карти, па Мекларен и Ред Бул воопшто не можат да бидат исклучени до крајот на викендот. Фернандо Алонсо со надградениот АМР24 не отиде подалеку од десеттото место.
Како и обично последната третина од сесијата беше посветена на тркачкото темпо. Освен малото "кошкање" помеѓу Леклер и Серџо Перез и излетувањето на Ферстапен во Риваца, беа многу тивки минути, кои ставија крај на петочното тестирање во Имола.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР УБЕДЛИВ ВО НАДГРАДЕНИОТ БОЛИД НА ФЕРАРИ
5/17/2024 05:00:00 PM
0
Share to other apps