Џек Дуан ќе дебитира во Формула 1 со тимот на Алпин во 2025 година.
Младиот Австралиец ќе направи скок од тест и резервен возач до официјален возач во тимот од Енстон и ќе биде задолжен да го замени Естебан Окон.
Џек Дуан, син на Мото ГП шампионот, Мик Дуан, дојде во младинската академија на Алпин во 2022 година, по краток престој во програмата за млади возачи на Ред Бул.
Австралиецот беше поврзан со брендот за енергетски пијалоци за неговите две сезони во Формула 3. Првата беше многу тешка, но во втората, 2021 година, тој се покажа како еден од најбрзите и најконстантните на целиот грид за да заврши на второто место, зад Денис Хаугер.
Во 2022 година пристигна во Формула 2 со поддршка на Алпин и покажа голема брзина од првиот ден. Конзистентноста не беше неговата силна страна во првата година, која ја подобри во втората за да заврши трет во Шампионатот, зад Тео Пуршер и Фредерик Вести.
За 2024 година, Дуан ги жртвуваше трките за да биде подготвен за Формула 1 доколку се укаже можност. Австралиецот оваа година работеше како тест и резервен возач за Алпин.
Тој патува на сите трки за внимателно да ги следи перформансите на тимот и исто така имаше обемна тест програма на патеки како што се Зандворт, Пол Рикар, Имола и Спа-Франкоршамп.
Џек Дуан со првични импресии: "Многу сум благодарен за довербата што ми ја даде тимот. Претстои многу работа за да бидам подготвен и ќе дадам се од себе. Исклучително е задоволувачко да се биде првиот дипломец на нашата младинска академија и многу благодарност до сите што ме поддржаа на овој пат. Ова е возбудлив момент и одличен ден за моето семејство."
Во 2025 година, тој нема да биде единствениот дебитант возач на гридот, бидејќи неговиот стар познаник, Оливер Берман, исто така ќе направи скок во првата класа со тимот на Хас. И двајцата се натпреваруваа, покрај приватните тест сесии, на неколку тренинг сесии со нивните соодветни тимови.
Дуан ја отфрли можноста да се натпреварува во WEC во 2024 година, заедно со еден од неговите големи пријатели од детството, Мик Шумахер, за да ги посвети сите свои напори кон Формула 1.
Интересно, Германецот беше уште еден од кандидатите за тоа место во Алпин, но раководството се одлучи за Австралиецот. Дуан е возачот кој најдолго беше поврзуван со Алпин и еден од оние кои останаа лојални на тимот по случајот Пјастри.
Австралиецот секогаш изгледаше подготвен за можност, која на крајот дојде по заминувањето на Окон. Тој ќе биде нов тимски колега на Пјер Гасли, кој, како и во својата последна фаза во АлфаТаури, ќе треба да игра улога на искусен возач.
ЛИНК
СЕЗОНА 2025 - СИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА ЕДНО МЕСТО
ОФИЦИЈАЛНО: ЏЕК ДУАН ПРОМОВИРАН ВО ОФИЦИЈАЛЕН ВОЗАЧ НА АЛПИН
8/23/2024 12:19:00 PM
0
Share to other apps