ФИА ги објави резултатите од ревизијата на финансиската документација на Формула 1 тимовите за 2023 година.
Сите десет тимови ги почитуваа буџетските ограничувања, се помина без пречекорување на трошоците или процедурални неправилности. ФИА истакна дека сите тимови покажале соработка за време на процесот на верификација.
Покрај тимовите, CCA по прв пат ги разгледуваше и финансиските досиеја на четири производители на погонски единици: Мерцедес, Ферари, Хонда и Алпин.
Сите производители се придржуваа до буџетските ограничувања и не ги надминаа прифатливите трошоци, но Алпин и Хонда направиле процедурални прекршувања.
Со оглед на природата на прекршувањето, сложеноста на новите финансиски регулативи за производителите на ПЕ и предизвиците поврзани со нивната прва година на имплементација, CCA има немара да им предложи на овие два производители проблемот да биде решен со Договор за прифатено прекршување (ABA).
Резимето на ABA, доколку е прифатено од овие два производители на ПЕ, ќе биде објавено откако ќе се финализира како што е предвидено со Финансиските регулативи.
Според правилата на ФИА, Процедуралните прекршувања, како и прекумерно трошење, помало од 5%, од ограничениот буџет, може да резултираат со финансиски казни и/или мали спортски казни.
Значително надминување на ограничениот буџет, поголемо од 5%, ќе резултира со задолжително одземање на бодови од шампионатот на конструкторите и може да резултира со дополнителни финансиски казни и/или материјални спортски казни.
The Cost Cap Adjudication (CCA) - Панел комисија на ФИА за одлучување околу ограничените буџети на Ф1 тимовите и производителите на погонски единици (ПЕ). Се состои од 12 судии избрани од Генералното собрание на ФИА во согласност со Статутот на ФИА.
Accepted Breach Agreement (ABA) - Договор за прифатено прекршување меѓу засегната страна и ФИА.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.