Оскар Пјастри со извонредно претекнување и одбрамбенa лекција на улиците на Баку стигна до победата на Големата Награда на Азербејџан.
Австралиецот успеа да го победи Чарлс Леклер во епска битка практично во текот на целата трка. Серџо Перез и Карлос Саинц Јр. се бореа за третото место, но во претпоследниот круг се судрија.
Ландо Норис повторно ја намали разликата во бодови со лидерот, Макс Ферстапен, а Оливер Берман освои поени и со болидот на Хас.
Во почетните стинтови, со жолти гуми, Чарлс Леклер се чинеше дека има подобро темпо од Оскар Пјастри и дури успеа да создаде 5 секунди предност.
Но, Австралиецот знаеше максимално да ги искористи белите гуми и го претекна Моначанецот во 20-от круг со задоцнето сопирање на влез во првиот свиок.
Од тој момент, па се до неколку круга до крајот, Чарлс Леклер се обиде да го врати првото место со сите "оружја" кои ги имаше на располагање, но Оскар Пјастри демонстрираше маестрално дефанзивно возење и ги затвори сите можности.
На крајот, возачот на Мекларен ја забележа својата втора победа во Формула 1, со Леклер на второто место.
Во последните неколку круга имавме блиска борба меѓу Чарлс Леклер, Серџо Перез и Карлос Саинц Јр. за второто место.
Кога Мексиканецот конечно се виде себеси на победничкиот подиум, се обиде да го претекне Ферарито за второто место во првиот свиок, но Моначанецот се одбрани со последни сили.
Карлос Саинц ја искористи нивната битка, и за малку што не се најде и пред тимскиот колега. Но, тоа во следниот свиок го чинеше многу.
Чеко се обиде да го врати подиумот и... се судрија, по што трката беше завршена за двајцата. Големо честење на Мекларен со бодови! Стјуардите го проглсија судирот за тркачи инцидент.
Трката заврши под режим на виртуелното безбедносно возило. Овој инцидент му овозможи на Џорџ Расел да се качи на подиумот, а Ландо Норис да заврши на четвртата позиција!
Британецот направи добар кам-бек и го престигна Макс Ферстапен кон крајот од трката и со тоа му скрати три бода благодарение на најбрзиот круг.
Фернандо Алонсо финишираше на шесто место, пред возачите на Вилијамс, Алекс Албон седми и Франко Колапинто, осми.
Луис Хамилтон и Оливер Берман беа последните што освоија поени на оваа возбудлива трка.
Стјуардите на Големата Награда на Азербејџан го разгледаа судирот меѓу Серџо Перез и Карлос Саинц Јр. во педесеттиот круг од трката и решија дека станува збор за тркачки инцидент.
Во одлуката на стјуардите се вели дека не се проценуваат последиците, туку постапките на возачите кои довеле до судирот. Стјуардите заклучиле дека ниту еден од нив не возел неправилно и дека и двајцата го држеле воланот во неутрална положба.
Бидејќи стјуардите досудија дека судирот е тркачки инцидент, ниту еден возач не беше казнет.
Стјуардите на Големата Награда на Азербејџан ги разгледаа претекнувањата на Нико Хулкенберг, Макс Ферстапен, Пјер Гасли и Естебан Окон по завршување на трката.
Сите четворица возачи претекнуваа други болиди додека виртуелното безбедносно возило беше активирано на патеката. Бидејќи сите овие претекнувања беа направени по финишот на трката, стјуардите издадоа Опомени до Хулкенберг, Ферстапен, Гасли и Окон.
Во одлуката на стјуардите се вели дека слични прекршоци имало и претходно во текот на оваа сезона, но на нив не било обрнувано внимание. Сега стјуардите ќе имаат построг пристап кон таквите работи. Идни слични прекршувања може да резултираат со построги казни.
ОСКАР ПЈАСТРИ ПОБЕДНИК НА ДРАМАТИЧНАТА ТРКА ВО БАКУ
9/15/2024 12:29:00 PM
0
Share to other apps