Мерцедес АМГ комплетираше дводневна тест сесија на патеката Мањи-Кур во Франција со гумите на Пирели за следната сезона.
Мик Шумахер едвај возеше вчера поради лошото време, а денес Џорџ Расел успеа да акумулира повеќе километри со гуми за дожд.
Тимовите и Пирели продолжуваат да работат на развојот на пневматиците за 2025 година.
Вчера требаше да биде ден за тестирање на гумите за влажно време, но имаше премногу дожд за да се продолжи според планираната динамика.
Патеката каде што се одржуваше Големата Награда на Франција, 18 пати од 1992 до 2008 година, два дена беше домаќин на тест сесијата на Пирели, посветена на равојот на гумите за следната година.
Мик Шумахер беше зад воланот на W15, но, лошите временски услови му дозволија да комплетира само 29 круга. Најбрзото забележано време по круг беше 1:39.720.
Денес, возачките должности му припаднаа на Џорџ Расел. Времето повторно имаше главна улога, со повремени врнежи од дожд и прилично свежи услови.
Затоа, можеше да се продолжи со развој на сините пневматиците за дожд и зелените интермедија за помалку влажна патека. Програма што вчера не беше можно да се изврши.
До крајот на денот, Расел извозе 86 круга, што е еквивалентно на 379,7 километри, со најбрзо време од 1:28.428.
Развојното тестирање на Пирели продолжува следната недела, во вторник на 8 и среда на 9 на патеката Муџело, каде ќе присутвуваат три тима: Ред Бул и Ферари ќе работат на гумите за следната сезона, додека Мекларен ќе биде вториот тим што ќе ја одигра својата улога во поддршката на развојот на гумите за 2026 година.
Денес, во базата на тимот РБ во Фаенца, се одржа четвртиот состанок на ФИА комисијата за Формула 1, со кој претседаваа директорот на ФИА за трки со едносед болиди, Николас Томбазис и извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Се разговараше за текстот и структурата на регулативите од 2026 година, кои опфаќаат технички, спортски и финансиски прашања.
Спортските регулативи претрпеа значителни ревизии со цел да се поедностави нивната структура. Предсезонски тест сесии за 2026 година ќе се состојат од три тридневни сесии, со оглед на предизвиците поврзани со преминот кон новите погонски единици.
Амандманите кои денес беа усвоени ќе бидат доставени до Светскиот совет за моторни спортови за одобрување во четврток на 17 октомври.
Спринт трката на млади возачи која требаше да се одржи оваа година во Абу Даби, беше одлучено да се одложи поради временски и организациски ограничувања. Ќе продолжат дискусиите за формулирање на визија и план за 2025 година.
ПИРЕЛИ И МЕРЦЕДЕС АМГ ТЕСТИРАА ВО ФРАНЦИЈА
10/02/2024 09:37:00 PM
0
Share to other apps