Ферари веќе размислува за својот болид од 2025 година, кој ќе биде многу различен од овосезонскиот SF-24.
Првиот црвен болид на Луис Хамилтон ќе има нова шасија, пократок менувач и предна Pull-Rod амортизација наместо Push-Rod што ја имаат во текот на оваа генерација на Ф1 болиди.
Лоик Сера веќе работи во Маранело од 1 Октомври. Французинот, кој ја презеде улогата на технички директор, ќе биде задолжен за надзор на проектот 677, т.е. дизајн и изградба на болидот за 2025 година.
Ферари ја започна оваа 2024 сезона со две победи во Австралија и Монако и најмалку еден од двата болиди на подиумот во седум од првите осум трки.
Од Големата Награда на Канада развојот на болидот не се движеше во посакуваната насока, го загубија чекорот кон врвот, кој се чини дека го вратија во последните неколку трки.
Во Остин ќе ги донесат последните подобрувања во сезоната и во Ферари ќе почнат целосно да размислуваат за 2025 година.
Со доаѓањето на Луис Хамилтон, во Маранело повторно сонуваат за титулите, но тоа е пракса во последните години, а веќе на почеток на сезоната соништата се уриваат како кула од карти.
Последните шест трки од 2024 година ќе бидат добар тест за Ферари. Во Остин планираат да воведат флексибилно предно крило, со концепт сличен на оној на Мекларен, кое ќе биде основа на развој на 2025 болидот.
Гласините се дека симулациите покажуваат добри резултати што им овозможува на Италијанците да бидат оптимисти за првата трка по оваа чудна есенска пауза.
Но, не е само Ферари кој се спрема за следната сезона. Исто така и Луис Хамилтон ги започна подготовките за претстојната транзиција. Британецот веќе започнал да зема часови по италијански јазик.
Луис се надева дека ако знае барем минимално ниво на јазикот што го зборуваат мнозинството вработени во тимот, тоа ќе му овозможи брзо да се интегрира и да воспостави врска со Рикардо Адами, неговиот иден тркачки инженер.
Откако победи на три од четири трки пред летната пауза, болидот на Мерцедес АМГ наеднаш го загуби моментумот.
Џејмс Алисон, техничкиот директор на Мерцедес АМГ, верува дека Луис Хамилтон ќе го заврши своето време во тимот со добар резултат.
"Треба да го демонстрираме напредокот што го направивме и да се подготвиме за последните трки од сезоната.
Се приближуваме до крајот на нашето патување со Луис, сега секој тркачки викенд е уникатен настан што не може да се повтори. Се надевам дека ќе можеме на голем начин да ја прославиме неговата 351-ва трка во Остин."
ФЕРАРИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЛУИС ХАМИЛТОН
10/07/2024 02:54:00 PM
0
Share to other apps