Јазид Ал-Раџи и Тимо Готшалк, возејќи го прототипот на Тојота Хилукс со погон на сите тркала, подготвен од белгискиот тим Овердрајв Рејсинг, победија на четвртата етапа на Дакар релито.
За нив ова е веќе втора последователна победа, откако завршија први во најтешката 48-часовна етапа на 2025 Дакар релито и денес повторно најбрзо ги поминаа 415-те километри, кои исто така поминаа низ многу тежок терен.
Хенк Латеган, јужноафрикански возач од фабричкиот тим на Тојота Газу, заврши втор, 4 минути и 51 секунда зад Ал-Раџи, но тој продолжува да води во генералниот пласман. Во исто време, Ал-Раџи се искачи на второто место во севкупниот пласман, со заостанување околу седум минути зад Латеган.
Денешната етапа на третото место ја завршија, аргентионецот Хуан Јакопини и неговиот шпански совозач Даниел Оливеира, кои исто така се натпреваруваат за тимот на Овердрајв Рејсинг и исто така возат Тојота Хилукс.
Насер Ал-Атија денеска имаше лош ден и загуби речиси 33 и пол минути од лидерот. Но, можеше да биде и полошо, бидејќи тој во поголемиот дел од етапата заостануваше над 45 минути, а во последните километри успеа да надомсети повеќе од 12 минути. Поради проблемите што денес требаше да се надминат, тој падна на 7-то место во генералниот пласман.
Еве што изјави петкратниот победник на Дакар по завршувањето на етапата: "Имавме повеќе проблеми, не само еден! Всушност, прво застанавме поради дупната гума, но потоа моравме повторно да застанеме бидејќи се скрши дел од задната амортизација."
"Моравме да ги почекаме нашите тимски колеги, екипажот на Кристина Гутиерез и Пабло Морено, кои ни го дадоа нивниот резервни делови, а ние можевме да продолжиме да се движиме дури откако се беше поправено."
"Што друго остана да се прави? Сега болидот е во ред, но ќе мора некако да се прилагодиме. Но, немам опции, морам да нападнам!"
Да се надеваме дека, ниту искуството, ниту среќата нема да го издадат мајсторот на рели трките, како што се случи со Карлос Саинц и Себастиен Леб, кои веќе се повлекоа од релито.
Кога сме кај Леб, да напоменеме дека тимот на Дачија Сендрајдерс поднесе жалба откако техничкиот инспекторат на ФИА му забрани да продолжи да се трка. Жалбата во моментов се разгледува од страна на стјуардите, но дури и да биде уважена, Себастијан Леб најверојатно не ќе може да се врати на релито не порано од сабота.
Тој веќе ја пропушти денешната етапа, може да ја пропушти и утре, а во петок учесниците на релито ќе имаат ден за одмор. Јасно е дека неговото враќање ќе биде чисто како стекнување искуство за наредните години.
Дачија Сендрајдер е сосема нов автомобил и сега, во секој случај, важно е да се тестира што е можно поинтензивно во реални натпреварувачки услови.
Меѓу мотоциклистите, Даниел Сандерс, возач на фабричкиот тим на КТМ, останува недостижен за своите ривали, па тој победува етапа по етапа и продолжува самоуверено да води во генералниот пласман, постепено зголемувајќи ја својата предност.
Вториот резултат денеска го забележа шпанецот Тоша Шареина, возејќи го фабрички подготвениот Honda CRF 450 Rally, со што го надмина својот тимски колега, Рос Бранч, на второто место во генералниот пласман.
На триесетина километри пред финишот на етапата, Шареина дури беше во водство, две и пол минути пред Сандерс, но намерно ја намали брзината за да не оди прв на 5-та етапа на релито.
"Денес не беше лесно бидејќи моравме да возиме низ планински терен 400 километри. Но, по стартот нападнав, го стигнав Даниел на станицата за полнење гориво, а потоа возевме рамо до рамо."
"На крајот се обидов да останам смирен и намерно изгубив неколку минути за да не ја отворам утрешната етапа. Мора да се однесуваме внимателно, да се грижиме за гумите, бидејќи ова е маратонско растојание, а утре исто така треба да поминеме повеќе од 400 километри."
Во класата Челинџер (Т3 или лесни теренци), победникм е аргентинскиот екипаж на Николас Кавиљасо, кој исто така е лидер врз основа на резултатите од првите шест дена од релитo.
Кога жените постигнуваат успех во Дакар, тоа е особено импресивно. Денеска во категоријата SSV (T4) прва на целта стигна искусната Американка Сара Прајс. Ова не е нејзина прва етапна победа, а заедно со нејзиниот совозач, Шон Бериман, на теренското возило Can-Am Maverick R, тие беа пред своите најблиски гонители, вчерашните победници, Чилеанецот Франциско Лопез Контардо и Хуан Пабло Латрак, кои задоцнија за минута и пол.
Во класата на камиони, чешката тројка Мартин Масик останува најдобра. Нивниот Iveco Powerstar со 13-литарски дизел мотор со моќност над 1000 КС го помина растојанието на денешната етапа 3 минути и 38 секунди побрзо од истиот камион на Холанѓанецот Мичел ван ден Бринк.
Камионите се буквално речиси исти и се разликуваат само по обојувањето, бидејќи и двата се подготвени од MM Technology, тимот на Масик. Но, откако го нема најголемиот фаворит на ова рели - камионите на КАМАЗ, не знаеме ни дали вреди да се споменува оваа категорија.
Во четврток започнува 5-та етапа на Дакар, која е со вкупна должина од 492 километри. Натпреварувачки се 428 километри, кои минуваат низ песок и карпест терен, каде што треба да се биде особено внимателен поради ризикот од дупнување на гума.
Организаторите на годинешното Дакар рели забележуваат дека и самото стигнување до целта ќе биде особено достигнување. Наскоро ќе дознаеме кој ќе може да се справи со следниот тест, а кој ќе се приклучи на листата на испаднати натпреварувачи, која е се подолга.
АВТОМОБИЛИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
1 201
ХЕНК ЛАТЕГАН
БРЕТ КАМИНГС
TOYOTA GAZOO RACING
2 201
ЈАЗИД АЛ-РАЏИ
ТИМО ГЛОТШАЛК
OVERDRIVE RACING
+ 06:54
3 226
МАТИЈАС ЕКСТРОМ
ЕМИЛ БЕРГКВИСТ
FORD M-SPORT
+ 21:40
4 209
МЕТЈУ СЕРАДОРИ
ЛОИК МИНАДЈУ
CENTURY RACING FACTORY TEAM
+ 30:25
5 203
ЛУКАС МОРАЕС
АРМАН МОНЛЕОН
TOYOTA GAZOO RACING
+ 33:25
6 228
МИЧЕЛ ГАТРИ
КЕЛОН ВОЛШ
FORD M-SPORT
+ 34:39
7 200
НАСЕР АЛ-АТИЈА
ЕДВАРД БУЛАНЖЕ
THE DACIA SANDRIDERS
+ 35:53
8 216
ХУАН КРУЗ ЈАКОПИНИ
ДАНИЕЛ ОЛИВЕРА
OVERDRIVE RACING
+ 41:10
9 240
ЖОАО ФЕРЕИРА
ФИЛИП ПАЛМЕИРО
X-RAID MINI JCW TEAM
+ 1ч11:07
10 235
УРВО МЕННАМА
РИСТО ЛЕПИК
OVERDRIVE RACING
+ 1ч17:36
МОТОРИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
1 4
ДАНИЕЛ САНДЕРС
RED BULL KTM FACTORY RACING
2 68
ТОША ШАРЕИНА
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 13:26
3 1
РОС БРЕНЧ
HERO MOTOSPORT TEAM RALLY
+ 26:10
4 10
СКАЈЛЕР ХОУВС
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 27:01
5 9
РИКИ БРАБЕК
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 29:13
6 42
АДРИЕН ВАН БЕВЕРЕН
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 29:26
7 7
ПАБЛО КВИНТАНИЛА
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 33:14
8 77
ЛУСИЈАНО БЕНАВИДЕС
MRED BULL KTM FACTORY RACING
+ 35:57
9 11
ЖОЗЕ ИГНАЦИО КОРНЕХО ФЛОРИМО
HERO MOTOSPORT TEAM RALLY
+ 54:01
10 12
ЛОРЕНЦО САНТОЛИНО
SHERCO RALLY FACTORY
+ 59:39
АЛ-РАЏИ СО ВТОРА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА
1/08/2025 10:24:00 PM
0
Tags
Share to other apps