Бројките околу гледаноста на Ф1 шампионатот веќе трета година стартуваа со опаѓање, но порастот на формата на Мекларен допрнесе за борба за првите места, што донекаде ја спаси 2024 сезоната. Во однос на минатата година имаме зголемување околу 12.5%.
Според најновата анкета, во Македонија има околу 90.000 активни фанови на Формула 1 што ги следеле поголемиот дел од трките од изминатата сезона, плус ако додадеме стандардните +25% кои Ф1 ја следат со просечна заинтересираност доаѓаме до бројка од 112.500 жители кои имале некаква интеракција со врвниот мотоспорт.
И покрај тоа што програмите на Спортклуб се веќе присутни на повеќето кабловски оператори во Македонија, сепак 43.5% од фановите мора да бараат стримови по интернет за гледање на Ф1 трките, процент кој има минорно зголемување за разлика од минатата година.
Дали повеќето спортски фанови се префрлија на А1, оператор кој ги нуди сите познати фудбалски лиги, но, не и Формула 1. Спортклуб ги има правата и за новата сезона, па така останатите 56.5% од македонските Ф1 фанови се мирни по ова прашање.
Значи, спортклуб ги има ТВ правата и за оваа 2025 година, па на овој план останува се по старо. Се додека има нелојална конкуренција, нашите телевизии не се заинтересирани да вложуваат во врвниот мотоспорт, и покрај огромниот процент Ф1 фанови кои посакуваат пренос на домашните ТВ куќи.
А кога сме кај гледање трка во живо, тоа е она вистинското за привлекување нови фанови на овој врвен мотоспорт, од резултатите може да се заклучи дека просечниот македонски Ф1 фан не е во можност да посети некој тркачки викенд, а во тоа успеваат околу 5-6% од анкетираните.
Не дека нема желба, но главен проблем се скапите билети, а од минатата година и недостапноста т.е. ограничениот број на GA билети, што никогаш не било случај.
Па така сите Ф1 фанови кои веќе се сигурни дека ќе посетат некоја трка, билетите треба што поскоро да ги обезбедат, затоа што ќе ги нема.
Главен погодок за изминатата 2024 година беше Големата Награда на Сао Пауло.
На трка исполнета со хаос и драма, Макс Ферстапен имаше маестрална изведба за историјата на Формула 1 шампионатот.
Стартувајќи од П17 поради грид казна, Холанѓанецот ги покажа своите исклучителни возачки способности на влажно време за да се искачи до првото скалило на победничкиот подиум.
Трката се одржа во променливи временски услови и повеќе излегувања на безбедносното возило што го надополнуваше предизвикот.
Неговата победа не беше само доказ за неговата возачка моќ, туку и многу потребно зајакнување на моралот за Ред Бул, кој се бореше со перформансите на болидот.
Победата на Ферстапен, кој ја мина целта 19.477 секунди пред второпласираниот, Естебан Окон, беше потсетник зошто тој се смета за еден од најдобрите возачи во Формула 1.
Дефинитивно Бразил беше вистинското место за незаборавно Ф1 доживување, но во сеќавање ќе ви останеше и првата домашна победа на Чарлс Леклер во Монте Карло, 9-тата победа на Луис Хамилтон на неговата домашна патека, Силверстоун.
За фановите на Мекларен ќе беше полн погодок да присуствуваат во Абу Даби, додека за тие на Ландо Норис во Мајами.
Македонскиот Ф1 фан е верен на Формула 1 и верува дека сопствениците не треба да воведуваат повеќе од 24 трки во една сезона.
Втор, најпопуларен мотоспорт во Република Македонија е МотоГП. Од другите мотоспортови внимание привлекуваат рели трките и Формула 2.
Дали поради честите менувања на правилата за спринт форматот од страна на Формула 1, мислењето на оваа тема од позитивно во првите две години од воведувањето, минатата година премина во негативно кај македонските Ф1 фанови. Тренд кој се задржа и во оваа анкета.
2021 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃААТ СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
- 44.5% одговориле позитивно.
- 36.2% одговориле негативно.
- 19.4% одговориле дека немаат став.
2022 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА СПРИНТ ФОРМАТОТ
- 53.5% одговориле позитивно.
- 36.4% одговориле негативно.
- 10.1% одговориле дека немаат став.
2023 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА СПРИНТ ФОРМАТОТ
- 42.1% одговориле негативно.
- 34.4% одговориле позитивно.
- 23.5% одговориле дека немаат став.
Резултатите од 2021 анкета на ова прашањето беа:
- 90.1% Да, повеќе конкуренција ќе биди одкорист за Ф1.
- 5.7% немаа мислење.
- 4.2% Не, има доволно производители.
Резултати од 2022 година:
- 88.5% Да, повеќе конкуренција ќе биди од корист за Ф1.
- 6.4% немаа мислење.
- 5.1% Не, има доволно производители.
Резултати од 2023 година:
- 88.9% Да, повеќе конкуренција ќе биди од корист за Ф1.
- 4.2% немаа мислење.
- 6.9% Не, има доволно производители.
Ф1 фанови не ја напуштаат идејата дека повеќе производители ќе биде од корист за Формула 1 шампионатот.
Се согласуваме 100%.
Единствениот нов тим, Кадилак Ф1, кој има реални шанси за влез во шампионатот конечното зелено светло треба да го добие во текот на оваа година.
2022 РЕЗУЛТАТИ:
- 47.5% покриеност на тркачките викенди
- 32.4% Ф1 новости.
- 10.8% Анализа на тест сесии
- 6% Видеа со македонски превод
- 3.1% Фото галерии.
Како што забележувате сега не е понудено Видеа со Македонски превод, затоа што тоа е исклучително тешка работа, а интересот беше мал!!! Од време на време може да титлуваме некое видео на македонски јазик!
2023 РЕЗУЛТАТИ:
- 37.3% покриеност на тркачките викенди
- 30.5% Ф1 новости.
- 16.8% Фото галерии.
- 15.5% Анализа на тест сесии.
Во најновата анкета фотогалериите се повеќе и повеќе паѓаат на табелата, па за новата сезона тие остануваат само на англиската верзија на нашиот блог кој ќе биде посветен само на нив!
Сега да се префрлиме кон новата сезона и вашите прогнози околу шампионските титули кај возачите и конструкторите.
Ландо Норис сигурно има големи шанси да стане Ф1 шампион во 2025 година! Минатата сезона ја заврши како вицешампион и ја обезбеди првата титула на Мекларен по 26 години, па очекувањата за него се големи.
Болидот на Мекларен покажа голем потенцијал, а самиот Норис вети дека ќе учи од грешките и ќе се врати посилен. Сепак, според вас, тој ќе се соочи со силна конкуренција од Чарлс Леклер, кој исто така е фаворит за титулата.
Други возачи како Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, исто така, ќе бидат во комбинација, што навестува една возбудлива шампионска битка за 2025 година.
Вие мислите дека Норис го има она што е потребно за да го симне Ферстапен од тронот.
Кај конструкторите ваш фаворит е Ферари. Со доаѓањето на Луис Хамилтон, според многумина Ферари ја засили својата возачка постава, спојувајќи го со талентираниот Чарлс Леклер.
Оваа комбинација има потенцијал да биде многу конкурентна. Букмејкерите исто така го фаворизираат Ферари за шампионатот за конструктори, а коефициентите ја одразуваат нивната силна позиција.
Тимот направи значителни промени во својот болид за 2025 година и тие се стремат да го надоградат својот силен финиш во 2024 година. Вие мислите дека Ферари го има она што е потребно за да го освои шампионатот оваа година.
Во 2025 година ќе имаме шест, 5+1, возачи дебитанти, што ќе ја направи една од највозбудливите сезони во последниве години на овој план.
На табелата недостасува Исак Хаџар кој се приклучи на тимот на Рејсинг Булс, по промоцијата на Лиам Лосон во Ред Бул.
Овие млади возачи покажаа огромен талент и потенцијал во нивните соодветни шампионати, и сите тие се желни да остават свој белег на Ф1 гридот.
Не знаеме кој е вашиот омилен дебитант, но оној од кој најмногу очекувате е Андреа Кими Антонели.
Од оваа година, ФИА одлучи да го укине дополнителниот поен за најбрзиот круг.
Правилото, кое беше воведено во 2019 година, им овозможи на возачите да заработат дополнителен поен за поставување на најбрзиот круг, под услов да завршат во топ 10.
Според вас тоа беше правилна одлука на ФИА, но од друга страна најмногу од македонските Ф1 фанови мислат дека е подобро тој да се доделува за освојување на Пол позицијата.
Повеќе детали за овие анкетни прашања имате на страницата каде се сумирани анкетните резултати на следниот ЛИНК.
линк - ФОРМУЛА 1 - СИТЕ ПОВАЖНИ ДАТУМИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА 2025 СЕЗОНАТА - линк
линк - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРВ ДЕЛ - линк
линк - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВТОР ДЕЛ - линк
Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВТОР ДЕЛ
2/01/2025 12:16:00 AM
0
Share to other apps