Тимот на Алпин го презентираше новиот болид за 2025 година со ознака - А525.
Спроведен беше филмски ден на меѓународната патека во Бахреин, а по неговото завршување тимот објави и неколку дигитални рендери.
Филмскиот ден се состои од максимум 200 километри со демо гуми на Пирели. Пјер Гасли и неговиот нов тимски колега, дебитантот Џек Дуан првпат го почувствуваа најновиот адут на тимот.
Претходно неговиот изглед, во препознатливите бои на Алпин, сина, и на главниот спонзор, розова, беше прикажан на заедничката презентација во Лондон, но нивниот вистински болид остана сокриен до денес.
Тоа беше, исто така, прв пат тимот да го претстави својот целосен список на возачи за годината со главните возачи, Пјер Гасли и Џек Дуан, заедно со триото тест и резервни возачи: Пол Арон, Рио Хиракава и Франко Колапинто.
А525 е континуирана еволуција на А524, кој беше значително развиен во текот на 2024 сезоната. На крајот, со два подиуми постигнати на Големата Награда на Сао Паоло, тимот ја заврши сезоната на шестото место во шампионатот на конструктори.
Тимот има за цел да одговори на предизвикот и да го продолжи својот моментум во 2025 година.
Дејвид Санчез, извршен технички директор: "Ова беше особено напорна зима за тимот за развојот на амбициозниот А525, додека се одржува одреден фокус на развојот за следната година."
"A525 е континуирана еволуција на A524 каде што усовршивме некои детали и имавме за цел да подобриме некои слабости со цел да најдеме повеќе перформанси."
"Минатата година го променивме правецот на развој, што ни овозможи поголем маневарски простор и бевме задоволни од тоа како напредувавме досега."
"Сега имаме за цел да ја максимизираме еволуцијата на овој болид и да го подобриме целокупниот пакет во неговата сегашна форма колку што можеме."
Французите имаат зголемена флота од нови спонзори, вклучувајќи ги Eni, MSC, OAKBERRY, Mercado Libre, Arctic Wolf, Castore и MODO Casino кои се придружуваат на главниот спонзор BWT.
Вистинската акција за тимот, А525 и возачите започнува во среда на 26 февруари, кога започнува претсезонската тест сесија во Бахреин.
Пјер Гасли: "Одлично е чувството да се вратиш на вистинската патека и да се вози најновиот болид за прв пат. Честитки до сите за сета напорна работа што се вложи во подготовките за оваа сезона."
"Ова е само филмски ден со ограничено возење, така што не е исто кога би го возеле А525 со неговиот полн потенцијал, но првичното чувство е добро и со нетрпение очекувам да започнеме со вистинската акција."
"Морам да кажам дека новите бои изгледаат навистина кул, па се надевам дека сите ќе уживаат да го гледаат A525 во акција."
Џек Дуан: "Имавме добар пофготвителен ден на патеката, овде во Бахреин, и сигурен сум дека сите во тимот се чувствуваат навистина возбудени што се враќаат на работа и се подготвени да ја започнат новата сезона."
"Прв пат возам на филмски ден, па тоа е одлично искуство, особено возење на патеката со возилата за снимање! Болидот се чувствуваше добро, затоа благодарам на сите во Енстоун и Вири-Шатијон за одвоеното време и посветеноста во подготовката за 2025 година."
"Знам дека Пјер и јас сме навистина возбудени за почетокот на предсезонската тест сесија. Ќе бидат три напорни денови каде што ќе имаме многу работи да поминеме за да го развиеме А525 пред почетокот на сезоната."
Оливер Оукс, Тимски шеф: "Секогаш е момент на гордост кога нов болид за прв пат тргнува на патеката, па им благодарам на сите во Енстон и Вири-Шатилон за нивната напорна работа во развојот на А525."
"И покрај облачноста и силните налети на ветер, имавме добар филмски ден во Бахреин со поминати 200 км, рамномерно поделени помеѓу Пјер и Џек. Важно е да им се даде можност да го испробаат новиот болид и да им се дозволи на двајцата да го почувствуваат од прва рака, пред напорните три тест дена."
"Сигурно има повеќе области на интерес за нас да продолжиме да учиме и да напредуваме и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме напорната работа што започнува во среда."
АЛПИН A525: КОНТИНУИРАНА ЕВОЛУЦИЈА НА А524
2/14/2025 03:15:00 PM
0
Share to other apps