Заубер, швајцарскиот тим од Хинвил, се уште го нема официјално покажано нивниот вистински болид за 2025 година, кој ќе ја носи ознаката C45. Тоа е болидот кој ќе го означи крајот на една ера, последен кој ќе го претставува брендот Заубер во Формула 1.
Заубер на крајот на оваа година заминува во историја и ќе му отстапи место на Ауди, со што ќе се затвори поглавјето за еден од најлегендарните приватни тимови во историјата на Формула 1 шампионатот.
Заубер C45 ќе биде многу посебен болид, кој повторно ќе го има еден од најнеобичните дизајни на гридот. Тимот се одлучи за болид кој останува во црна и флуоресцентно зелена боја на Stake, нивниот главен спонзор.
Во најновиот микс на овие две бои, се добива впечаток како да е истурена аеро боја врз предниот дел на болидотг, додека црната боја доминира и целосно го зафаќа задниот дел.
Во тимот нема голем ентузијазам и пред почетокот на 2025 сезоната, со оглед на тоа како се одвиваше 2024 година, кога забележаа само четири бода зад нивното име и тоа на претпоследната трка во Катар.
Откако беше најавено доаѓањето на Ауди за 2026 година, како никој во тимот да не е заинтересиран за што подобри резултати. Им се приклучуваат двајца нови возачи, Нико Хулкенберг и Габриел Бортолето, кои се очекува да бидат ударна сила на германскиот бренд.
Дуото е впечатливо и ќе биде интересно да се види како 38-годишниот германски ветеран и младиот 21-годишен Бразилец ќе поминат еден против друг во интересен дуел меѓу генерациите.
Ова е, исто така, сезоната во која Џонатан Витли ќе започне со работа во Хинвил. Британецот, сега поранешен спортски директор на Ред Бул, е задолжен да го води овој проект и ќе биде на чело покрај Матија Биното.
Новата ера за тимот е блиску, но Заубер мора да преживее уште една година. Избегнувањето на последното место ќе биде цел, иако во среднината на поредокот се е многу блиску. Бројот на достапни поени не е премногу висок и за овој тим секоја можност да се забележи поен вреди злато.
ЗАУБЕР C45: ПОСЛЕДНИОТ БОЛИД НА ТИМОТ ОД ХИНВИЛ
2/14/2025 03:06:00 PM
0
Share to other apps