AMR25 е еволуција на неговиот претходник, со промени кои имаат за цел да го направат болидот повозможен и да ја подобрат целокупната доверба на возачот.
Болидот има големи аеро промени во споредба со AMR24, но најзабележителни се промените направени на предното и задното крило, капакот на моторот и подот.
Од почетокот на годината, тимот најави пет нови партнерства, заедно со две обновувања на договори и едно подигнување на партнерството, при што саудиската рударска компанија Ma'aden беше промовирана во главен спонзор на тимот.
Предводник на тимот во 2025 година е извршниот директор и тимски шеф, Енди Кауел, со совршен спој на искуство и експертиза на располагање и покрај патеката и внатре во технолошкиот кампус во Силверстоун.
"Тоа е кулминација на напорната работа и посветеност на нашиот технолошки кампус. Сите сме инспирирани од ДНК-та на Астон Мартин и имаме немилосрдна потрага по извонредност, и на патеката и надвор од неа."
"За овогодинешниот болид ги зедовме во предвид научените лекции и податоците од минатата сезона. Се фокусиравме на создавање болидот кој ќе биде подобар за возење од страна на Ленс и Фернандо и напорно се трудевме да го направиме побениген."
"Очекуваме да имаме тесна борна и конкуренет грид од почетокот во Австралија, така да знаеме дека нема да биде лесно. Нашите цели се реални со поглед на сите области каде што можеме да се подобриме, а потоа, како и сите тимови, да пристапиме кон значајното менување на прописите во 2026 година."
Возачкиот состав на тимот влегува во својата трета последователна година и е дуо со најдолг заеднички стаж на гридот за 2025 година.
Ленс Строл ја започнува својата петта сезона во тимот, сега најискусниот канадски возач на сите времиња во врвниот мотоспорт.
"Сите во Астон Мартин вложија многу работа во текот на зимата за да се подобриме за 2025 година. Како тим, сите сакаме да се претставиме добро и ќе продолжиме да учиме во текот на годината."
"Она што го градиме овде е толку возбудлив проект со одлични алатки и талентирани луѓе, а 2025 година е клучна година за нас да напредуваме. Со нетрпение очекувам да ја стартувам сезоната, да се вратам на патеките на тест сесијата во Бахреин."
Фернандо Алонсо влегува во својата трета сезона со тимот, негова рекордна 22-ра во Формула 1.
"Научивме многу во 2024 година и тимот го користи тоа како движечка сила додека тргнуваме во оваа сезона со AMR25. Конкуренцијата ќе биде многу блиска во оваа последна година од сегашните регулативи, и знам дека тимот работеше напорно за да ја стартуваме сезоната подготвени."
Предното крило на AMR25 е значајна еволуција на верзијата што тимот ја претстави кон крајот на минатата година. Промените се фокусирани на подобрување на потисната сила при мала брзина, балансот на болидот и давање на возачите поголема стабилност во сите фази на свиоците.
Страните на AMR25 се репрофилирани и визуелно се највпечатливата промена во споредба со неговиот претходник. Завршуваат со остар undercut и тие имаат канал кој се движи по целата должина на горната површина за подобро насочување на протокот на воздух.
Радијаторорите за ладење се реконфигурирани за да се вклопат во новиот дизајн. Тие играат клучна улога во регулирањето на температурата на погонската единица.
Капакот на моторот се одликува со назабен, остар рбет кој оди од воздушната отвор на врвот кон задното крило за да го насочи протокот на воздух кон задниот дел на болидот.
Дизајнот на подот е ревидиран за да се подобри протокот на воздух под болидот, а новата каросеријата го надополнува тоа, овозможувајќи подобро управување со протокот на воздух под болидот и над задното крило.
AMR25 располага со push-rod амортизација и напред и назад. Тркалата се споени со шасијата со дијагонална структура со повисока точка на каросеријата на болидот.
Новите канали за ладење на сопирачките и на предниот и на задниот дел на болдиот се дизајнирани да ги подобрат нивните перформанси, но и управувањето со протокот на воздух.
Задното крило на AMR25 е дизајнирано со намера да донесе поголема стабилност во свиоците и да го минимализира пролизгувањето на болидот.
Алонсо и Строл ќе го добијат своето прво чувство за AMR25 во текот на утрешниот ден, кога тимот има закажано филмски ден на меѓународната патека во Бахреин.
Предсезонската тест сесија ќе се одвива на истата патека од 26-28 февруари 2025 година.