На патеката Сакир во Бахреин започнува претсезонската тест сесија во Формула 1 како подготовка за 2025 сезоната. Тимовите и нивниот персонал веќе се 100% подготвени за целосно фунционирање на нивните гаражи за целосно спроведување на планираните тест програми.
Формула 1 тимовите имаат само еден болид на располагање во текот на трите тест дена, така што возачите мора да се менуваат според предвидениот распоред.
Ова ќе биде единствената претсезонска тест сесија за 2025 година, па Ф1 тимовите треба да бидат исклучително внимателни кога ја планираат својата програма, бидејќи ќе биде тешко да се надокнади изгубеното време на патеката.
Тест сесијата е време кога треба да создадеме првична слика за распоредот на силите помеѓу тимовите. Најдобрите од нив, вообичаено, не ги откриваат сите карти, тие не работат во квалификациски режим, со минимална количина на гориво и не ја вклучуваат целосната моќност на погонските единици.
За секој тим на овие тестови многу е важно секој круг да се користи со максимална ефикасност и да се комплетираат што е можно повеќе од нив без поголеми проблеми.
Едно нешто што не може да се сокрие, е издржливоста на ПЕ и доверливоста на сите системи како целина, па ако некој тим има проблеми веќе на тестирањето, не може да се надева на добра сезона.
Возачите ќе сакаат што подобро да ги разберат карактеристиките на новите болиди и нивната корелација со гумите на Пирели, кои станаа значајна компонента за успешни резултати.
Како што е вообичаено за тест сесиите, тимовите ќе ги имаат на располагање сите смеши од опсегот на Пирели, дури и ако тие не се погодни за оваа патека.
Секој тим имаше право да одбере 35 сетови и точниот број од секоја смеша што сака да ги користи за тест сесијата. Од Пирели донесоа пневматици произведени од 8 смеши. Две од нив се за дожд и веројатно нема да бидат потребни на патеката Сакир.
Помеѓу шесте смеши за суво време има две бели гуми, означени C1 и C2, два сета на жолти со ознака C3 и C4 и два сета на црвени гуми, од смешите C5 и C6.
Конструкција на пневматиците за новата сеона е малку изменета за подобро да одговара на зголемените аеродинамички оптоварувања на кои ќе бидат изложени со најновата верзија на оваа генерација болиди.
Шесте смеши за суво време ќе може да се идентификуваат на следниов начин: C1 со зборовите Pirelli и P Zero во бело, но без ленти; C2 со зборовите и ленти во бело; C3 со зборовите во жолта боја, без ленти; C4 со зборовите и ленти во жолта боја; C5 со зборовите во црвено без ленти; C6 со зборови и ленти во црвено. Интермедија гумите и гумите за дожд ја задржуваат својата вообичаена зелена и сина боја, соодветно.
Оваа претстојна сезона го означува дебито на C6 смешата и ќе биде најмеката смеша на Пирели која ќе биде погодна за употреба на улични и други патеки каде што пневматиците се подложени на ниско ниво на енергија.
Што се однесува до другите смеши, C1 е повторно најтврдата смеша и останува многу сличен на верзијата од 2024 година, додека C2 сега е поблиску до C3, која пак е речиси истата како во претходните две сезони. Инженерите на Пирели настојувале да се намали појавата грејнинг на пневматиците произведени од C4 и C5 смешата, со цел да се зголеми неговата употребливост во услови на трка.
Проучувањето на изборите направени од тимовите дава неколку интересни индикации. Оваа патека отсекогаш била многу напорна за пневматиците, поради што за Големата Награда на Бахреин обично се избираат трите најтврди соединенија.
C3 е убедливо најпопуларниот избор за тест сесијата, делумно поради фактот што оваа смеша ќе биде најкористената во текот на сезоната, како што беше случајот во 2024 година.
Мерцедес АМГ е тимот кој одлучи да користи најмногу комплети C3 (27), со Вилијамс во другата крајност со само 15 комплети од оваа смеша. Овие тимови ги заменуваат местата кога станува збор за C2: 12 сета за Карлос Саинц Јр. и Алекс Албон и само два за Џорџ Расел и Кими Антонели.
Ферари и Вилијамс се одлучија да ги користат сите шест смеши, што значи дека одбраа по еден сет од C5 и C6, па можеби ќе атакуваат на најбрзите времиња и насловите во медиумите, додека Астон Мартин и Алпин ќе ги користат само трите најтврди смеши, а со тоа најверојатно нема да се "замараат" со квалификациски кругови.
Астон Мартин и Хас се подготвени за непредвидливи метеоролошки испади, па првите вклучија избор на три интермедија гуми во нивната распределба, додека американскиот тим избра по еден сет од интермедија и гумите за дожд. Во моментов, според официјалниот прогнозер на ФИА, Метео Франс, нема можност за дожд во текот на трите тест дена.
2025 година ќе биде посебна за Пирели, бидејќи ќе ја достигне границата од 500 Ф1 трки во текот на претстојната сезона.
Резултатите се секогаш релативни, но тимовите внимателно ќе се следат еден со друг. Како и секогаш, никој нема да знае кој има колку гориво во резервоарите и какви модови на ПЕ се користат, но, денес инженерите се опремени со многу алатки за работа и прибирање на информации, што најверојатно ќе им овозможи да го проценат соодносот на силите на гридот.
Дали тоа ќе го споделат со јавноста е друго прашање. Сепак, за да добиеме јасна претстава за рамнотежата на силите, ќе мора да почекаме на првата трка.
Речиси сите тимови ги испробаа во пракса своите нови 2025 болиди, користејќи ги филмските денови. Ред Бул, Астон Мартин, Алпин, и Мерцедес АМГ имаа акција на истата оваа патека, во Силверстоун дебитираа Хас, Вилијамс и Мекларен, Ферари го направи истото во Фиорано, Рејсинг Булс ја искористија патеката Имола. Единствено Заубер не организираше филмски ден.
За време на трите тест дена, акцијата ќе започнува во 08:00 часот по македонско време. Еден час пауза за ручек следува секој ден од 12:00 до 13:00 часот, во кој период ќе има и прес-конференции за возачите и тимските шефови. Потоа акцијата ќе продолжи во 13:00 до 17:00 часот.

На нашите социјални мрежи и блог ќе ги имате сите поважни новости, гласини, реакции од тимовите на случувањата на и надвор од патеката во Бахреин.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ Годинава, пак, интересот е многу поголем од вообичаено, бидејќи 2025 година носи промени во различни аспекти.
Пред се, треба да зборуваме за составите на тимовите. Во 2024 година, за прв пат во историјата на Формула 1, гридот не претрпе ниту една промена. Но, оваа година приказната е многу поинаква, со само два тима, Мекларен и Астон Мартин, кои ги задржаа истите возачи како минатата сезона. Останатите имаат барем една промена во своите редови.
Најзабележителен трансфер, без сомнение, е доаѓањето на Луис Хамилтон во Ферари. Британецот веќе возеше болид за тимот од Маранело, вклучувајќи го и SF-25, но ова ќе биде првпат да го стори тоа на официјален настан во Формула 1.
Од друга страна, исто така е привлечно да се видат за прв пат Карлос Саинц Јр. во болидот на Вилијамс, Лиам Лосон во Ред Бул, Естебан Окон во Хас, Нико Хулкенберг во Заубер и, се разбира, дебитантите, Андреа Кими Антонели во Мерцедес АМГ, Џек Дуан во Алпин, Бортолето во Заубер.
Но, не се сменија само возачи, тимовите исто така направија трансфери и во својот персонал.
Астон Мартин, на пример, го додаде Енрико Кардиле во својот тим, додека Адријан Њуи ќе започне да работи во тимот од Силверстоун веќе од следниов понеделник. Дополнително, тимот е ремонтиран, така што Енди Кауел сега ќе дејствува како тимски шеф и извршен директор, оставајќи му на Мајк Крек други функции.
Мнозинството, во оваа смисла, останува исто како и минатата година, освен Заубер, каде веќе го нема Алесандро Алуни Брави и сега Матија Биното е тој што ќе треба да ги влече работите кон напред, до доаѓањето на Џонатан Витли, планирано за месец април.
Ферари SF-25, Астон Мартин AMR25 и Мерцедес W16 се трите најиновативни болиди во споредба со нивните претходници. Сите овие болиди имаат одредени технички решенија кои ќе треба да видиме како ќе се прилагодат на вистинската патека.
2025 сезоната е последната година од сегашните технички прописи. Во 2026 година, Формула 1 ќе комплетен ремонт, кој ќе го трансформира шампионатот во многу поинакво натпреварување.
Од една страна, стратегијата за "жртвување" на оваа сезона за да се посветат сите ресурси на следната може да изгледа разумна за некои тимови. Но, од суштинско значење е да се стигне до 2026 година со добра основа и тимовите се свесни за ова.
Сите аналитичари прогнозираат дека битката за титулите во 2025 година ќе биде бурна уште од првата трка. Очекувањата се такви, но тоа треба да се потврди и во пракса.
Ќе можеме ли да извлечеме заклучоци од тест сесијата? Некои заклучоци секако, но не и дефинитивни, ќе треба да "откриеме" кој ги покажува картите, а кој ги крие. И во однос на напредок, и во однос на назадување.
Ќе има тимови кои нема да сакаат да го покажат својот реален потенцијал и нема да го достигнат лимитот на своите болиди, но може да има и тимови кои ќе одат на максимални резултати за да покажат потенцијал поголем од она што навистина го имаат. Ќе мора да бидеме многу внимателни во анализите за да ги видиме сите трикови.
Се читаме попладнево со извештајот од тоа како измина првиот тест ден на патеката Сакир во Бахреин.