Макс Ферстапен ја бранува јавноста на начин поразличен од оној на кој сме навикнати. Главниот фокус не е Формула 1, туку тестот што го спроведе минатиот петок на Нирбургринг, каде што го собори рекордот на патеката во категоријата GT3.
Најдобриот дел е што тој не го направи тоа намерно, туку само релаксирано се забавувал возејќи Ферари 296 GT3, под сега популарниот псевдоним Франц Херман.
Ферстапен го сруши рекордот на Нирбургринг во категоријата GT3 за две секунди, а денес призна дека не сакал да сруши никакви рекорди, туку само се забавувал. Беше одличен ден, а условите му помогнаа да ја покаже својата веќе одлична брзина.
"Да, но не бев таму за да поставувам рекорди. Само се забавував и ја запознавав патеката со тимот. Се забавувавме добро, но исто така бевме и брзи. Имавме среќа со условите. Времето беше добро и сончево, што беше одлично!"
Ферстапен го коментираше ова на прес-конференцијата на ФИА пред почетокот на акцијата на патеката Имола.
"Би сакал да го направам тоа во иднина. Затоа ги правам сите овие работи за малку да се подготвам и да стекнам искуство. Возењето GT3 автомобили е моја страст. Исто така, сакам да соберам повеќе информации за себе, и на крајот, тоа е мое приватно време. Ретки се овие моменти. Мојот распоред е преполн."
Макс не се појави на списокот на регистрирани учесници под свое име, туку под Франц Херман, псевдоним за кој самиот признал дека сакал да биде што е можно погермански, за да се осигури дека никој нема да го носи тоа име.
Поентата била да се осигураат дека никој нема да знае дека ќе биде на патеката, но набрзо сите сфатиле дека зад воланот е четирикратниот Ф1 шампион.
"Ме прашаа за псевдоним. Па реков: Ајде да го направиме што е можно погермански! Многу луѓе ќе беа веќе на патеката ако моето име беше на списокот. Откако бев таму, знаев дека луѓето ќе забележат. Нормално е, но барем помеѓу 8:00 и 9:00 часот наутро беше прилично мирно", заклучи Макс.
МАКС СЕ ЗАБАВУВАШЕ НА НИРБУРГРИНГ
5/16/2025 12:59:00 PM
0
Share to other apps


