Кими Антонели ја освои Пол позицијата за Големата Награда на Белгија, откако извозе спектакуларен последен круг на патеката СПА-Франкоршамп.
Младиот Италијанец ги победи Макс Ферстапен и Џорџ Расел, и ја потврди својата доминација викендов, зголемувајќи ги шансите во борбата за шампионската титула.
Иако квалификациите понудија голема драма, стартниот редослед за неделната трка ќе претрпи измени поради повеќето казни за замена на елементи од погонските единици кај неколку возачи.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По тренинг сесиите на кои како јасен фаворит за Пол позицијата се издвои Кими Антонели, квалификациите започнаа со целосно сув асфалт на СПА-Франкоршамп и температура на асфалтот од 38 степени.
Q1 сесијата ја отвори Ленс Строл, а по него следеа возачите на Кадилак. Валтери Ботас постави почетно време од 1:50.011, а Серџо Перез постигна време од 1:49.307.
Макс Ферстапен, со 1:45.930, го победи Мерцедес АМГ во својот прв обид, но следеше Ландо Норис кој го победи времето на Холанѓанецот за 65 илјадити делови од секундата.
Исак Хаџар исто така беше многу брз, трет, а Арвид Линдблад постави одлично време од 1:46.191, дури и победувајќи го Антонели.
Првите тројца решија да не излегуваат на патеката за втор обид, но никој не успеа да го победи времето на Ландо Норис, па тој ја заврши сесијата на врвот на табелата.
Зад нив, Карлос Саинц Јр. имаше спектакуларен круг и стигна до петнаесеттото место, пред Оливер Берман.
Елиминирани беа Алекс Албон, Естебан Окон, Валтери Ботас, Серџо Перез, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Q2 сесијата ни даде различен лидер и ги намали разликите, па остатокот од квалификациите изгледаше ветувачки. Патеката значително се подобруваше со текот на времето, а асфалтот беше на 37 степени Целзиусови во оваа сесија.
Франко Колапинто беше првиот што излезе на патеката, а по него следеа неколку возачи. Аргентинецот постави почетно време од 1:47.086 со болидот на Алпин.
Овој пат, Кими Антонели беше меѓу првите што излегоа на патеката и го притисна својот болид до самиот негов лимит. Италијанецот првично постигна време од 1:45.142, ставајќи половина секунда разлика помеѓу себе и Џорџ Расел.
Чарлс Леклер ги изненади сите со тоа што се искачи на второто место, две десетинки од секундата заостанување, а Ландо Норис беше трет со заостанување од три десетинки. Луис Хамилтон и Макс Ферстапен веќе беа повеќе од четири десетинки поназад.
Најголемото изненадување дојде од Арвид Линдблад, кој заврши шести, не само пред Пјастри, Расел и Хаџар, туку само четири стотинки од секундата зад Макс.
Во последните неколку минути немаше промени на позициите на врвот, па Кими Антонели заврши со најдобро време, а по него следуваат Леклер и Норис.
Габриел Бортолето успеа да го победи Лиам Лосон и да го внесе Аудито во Q3. Новозеланѓанецот, заедно со возачите на Алпин, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц Јр. и Оливер Берман, беа елиминирани.
Q3 сесијата започна со пониска температура на асфалтот од 35 степени Целзиусови. Во овој случај, четворица возачи, Исак Хаџар, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад и Габриел Бортолето мораа да стартуваат во првиот обид со користени црвени гуми, останатите, со нови.
Во својот прв обид, Ландо Норис ги изненади сите со време од 1:44.801, победувајќи го Кими Антонели за 39 илјадити делови од секундата и Чарлс Леклер за 92 илјадити делови. Првите тројца беа во разлика помала од една десетинка на патеката долга 7.004 метри.
Макс Ферстапен, и покрај тоа што доби заветрина од Исак Хаџар, успеа да се пласира само на четвртото место, речиси две десетинки од секундата зад лидерот и пред Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Оскар Пјастри.
Арвид Линдблад го престигна Габриел Бортолето и заврши осми.
По многу кратко црвено знаме за малку да се исчисти патеката, на ред беа последните брзи кругови во битка за пол позицијата.
Во својот последен обид, Кими Антонели забележа спектакуларен круг за да ја обезбеди својата шеста пол позиција сезонава.
Макс Ферстапен, со мега, мега заверина од Хаџар, заврши втор, додека Норис заврши трет, но има казна од 10 позиции.
Џорџ Расел успеа да ги задржи возачите на Ферари, но половина секунда зад својот тимски колега. Оскар Пјастри беше седми, пред Арвид Линдблад, кој го постави најбрзото време во првиот сектор, и Габриел Бортолето, кој го комплетираше Топ 10 поредокот.
МАГИЧЕН КРУГ: КИМИ АНТОНЕЛИ ЈА ПОКОРИ СПА-ФРАНКОРШАМП
7/18/2026 02:55:00 PM
0
Share to other apps






