Кими Антонели повторно беше најбрз и на саботната тренинг сесија како загревање за кваливикациите за Големата Награда на Белгија.
Неговите ривали не заостанаа многу, но Италијанецот имаше проблеми со комплетирање на вториот брз круг, кога Ландо Норис и Макс Ферстапен ја намалија огромната разлика на околу една десетинка.
Џорџ Расел заостана три десетинки, додека Луис Хамилтон на крајот од сесијата го реплицираше инцидентот на Пјер Гасли од вчера.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 МК, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Третата сесија беше целосно посветена на подготовка за квалификациите. Патеката Спа-Франкоршамп беше сува со температура од 35 степени Целзиусови.
Моравме да чекаме повеќе од три минути за да ги видиме првите возачи на патеката, а тоа беа Франко Колапинто и возачите на Кадилак. Првото забележано време беше 1:52.228 од Валтери Ботас со црвени гуми.
Исак Хаџар, на жолти гуми, брзо го презеде водството со 1:48.231, но, Лиам Лосон го подобри кратко потоа со 1:47.786 на црвените гуми.
Кога се појавија фаворитите, сè се промени. Луис Хамилтон беше првиот од нив и поведе со 1:46.789. Кими Антонели беше единствениот што успеа да го победи Ферарито.
Италијанецот постигна импресивно време од 1:45.990 близу до половината од сесијата, оставајќи го Хамилтон осум десетинки зад себе, а Ферстапен, кој се подобри во својот втор обид, имаше девет десетинки заостанување.
Чарлс Леклер беше четврти, веќе повеќе од една секунда заостанување, но пред Џорџ Расел, Арвид Линдблад, Оскар Пјастри, Исак Хаџар, кој имаше проблеми со излегувањето од пит-линијата, Лиам Лосон и Ландо Норис.
Во вториот дел од сесијата, црвените гуми беа главен фокус и возачите излегоа да ги пронајдат лимитите на своите болиди пред почетокот на битката за Пол позицијата.
Во таа ситуација, се случи нешто чудно. Кими Антонели не се подобри во однос на претходниот круг, но исто така не го изгуби и првото место.
Ландо Норис и Макс Ферстапен најмногу се доближија, но мораше да се задоволат со второ, т.е. третото најбрзо време на оваа сесија.
Џорџ Расел заврши четврти, три десетинки зад својот тимски колега и само 25 илјадити пред Луис Хамилтон, кој беше побрз од Чарлс Леклер, шести, но имаше излетување, на истото место како Пјер Гасли.
Оскар Пјастри заврши седми, а возачите на Ауди беа најдобри од останатите, на осмото и деветтото место. Исак Хаџар ги комплетираше најбрзите десет возачи, оставајќи ги болидите на Рејсинг Булс надвор од Топ 10 пласман.
КИМИ НАЈБРЗ, ЛУИС НА КРАЈОТ ГО УНИШТИ ФЕРАРИТО
7/17/2026 11:08:00 PM
0
Share to other apps




